Рецепти
Солени бомбици со маслинки Ана Ѓорова

Одлично мезе за на вашата трпеза што може да го послужите со омилениот сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(250 Грама)

Сусам(200 Грама)

Мајонез(1 Супена лажица)

Кисела павлака(1 Супена лажица)

Сол

Бибер

Кашкавал(150 Грама)

Фета сирење(200 Грама)

Зелени маслинки(без семка 12 )

Брашно(150 Грама)

Јајце(2 )

Коцка за супа-пилешка(1 )

Кисели краставички(5 )

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ставете ја коцката супа, наросете црн пипер и варете ги пилешките гради.
  2. Свареното пилешко месо исечкајте го на коцки и измешајте го во сад со ренданиот кашкавал, дробеното фета сирење и сечканите кисели краставички на коцки.
  3. Во садот измешајте ги мајонезот и киселата павлака, посолете и промешајте.
  4. Смесата продолжете да ја месите со рака, земете од смесата, расплескајте ја на едната дланка, на средината ставете една маслинка и формирајте топче.
  5. На истиот начин формирајте ги сите топчиња и наредете ги на чинија.
  6. Валкајте ги бомбиците прво во брашно, па во изматените јајца и сусамот и пржете ги во тава на оган со поголема количина загреано масло.
  7. Откако ќе поруменат од сите страни, ставете ги врз салфетка во чинија да се исцедат од вишокот маснотија.
  8. Послужете ги со сос по желба или со мешавина од мајонез и павлака.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: