Рецепти
Солени плетенки Ана Ѓорова

По желба, плетенката може да ја направите со фил од шунка наместо спанаќот – еднакво е вкусна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Јајце(4 )

Масло(1,5 Чаша)

Млеко(или јогурт 1 Чаша)

Квасец(1 )

Сол(1 Кафена лажица)

Маргарин(1 )

Урда(400 Грама)

Спанаќ(500 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Од брашното, 3 јајца, маслото, млекото (или јогурт), квасецот, лажичка сол и маргаринот (омекнат на собна температура, а 1/3 од него се остава за премачкување) се замесува мазно тесто.
  2. Од тестото се сука кора, се премачкува со 1/3 од маргаринот, се дипли и се остава 15 минути во фрижидер.
  3. Постапката се повторува уште двапати.
  4. Потоа се сука правоаголна кора и се сече на три еднакви дела.
  5. Во секој дел во средината се става од филот со урда и сечканиот претходно кратко обарен и исцеден спанаќ и 1 јајце.
  6. Од страна на тестото се сечат реси со должина од 2 см и се плетат една над друга.
  7. Плетенката се премачкува со јајце и се наросува со сусам и се остава да нарасне.
  8. Откако ќе нарасне, се става во намастен плех и во рерна, па се пече додека да добие убава румена боја.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: