Рецепти
Торта фантазија Ана Ѓорова

Можеби ќе ви треба подолго време за подготовка, но дефинитивно трудот се исплати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Слатка павлака(3 Децилитри)

Млеко(1,5 Децилитар)

Ванила стапче(1 )

Жолчка од јајце(6 )

Црно чоколадо(300 Грама)

Лешник(120 Грама)

Брашно(80 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Јајце(2 )

Путер(140 Грама)

Желатин(во листови )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

Пандишпан:

  1. На пареа растопете 100 г црно чоколадо искршено на коцки заедно со омекнатиот путер.
  2. Откако ќе се растопат, тргнете ги од оган и измешајте 2 јајца, 120 г шеќер и 80 г брашно.
  3. Мешајте со жица за матење, додајте ги сечканите лешници и убаво соединете ги состојките.
  4. Ставете ја смесата во кружен калап за печење торти, претходно намастен и набрашнет, па печете 10 минути во рерна на 180 степени.
  5. Откако пандишпанот ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го да се излади.

Крем од ванила:

  1. Млекото ставете го во тенџере на оган заедно со ванила стапчето.
  2. Додајте 1,5 дл слатка павлака и откако ќе зоврие тргнете од оган.
  3. Со виљушка измешајте 3 жолчки (не ги матете) со 40 г шеќер и додајте ги во тенџерето со павлаката и млекото.
  4. Измешајте, извадете го стапчето ванила и ставете ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење.
  5. Печете го кремот од ванила во рерна на тивко (околу 100 степени и помалку) околу 1 час и 20 минути.
  6. Откако кремот ќе се испече и олади, ставете го во фрижидер 3-4 часа.

Мус од чоколадо:

  1. Три жолчки изматете ги со 40 г шеќер.
  2. Откако добро ќе се изматат, додајте 200 г растопено чоколадо и гответе ги на пареа.
  3. Додајте го желатинот (претходно потопете го во ладна вода), додајте 1,5 дл матена слатка павлака и мешајте.

Финална постапка:

  1. Пандишпанот ставете го во кружен калап со пречник.
  2. Половина од мусот ставете го врз пандишпанот и оставете го во фрижидер да се стврдне половина час.
  3. Потоа одозгора додајте го кремот од ванила, па врз кремот додајте го останатиот мус од чоколадо.
  4. Убаво израмнете и оставете го калапот во фрижидер најмалку 2 часа.
  5. Пред послужување, тортата одозгора декорирајте ја со рендано чоколадо.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: