Рецепти
Торта со ореви и чоколаден крем Ана Ѓорова

Кремот од чоколадо е многу вкусен, а во внатрешноста тортата е уште поубава

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Белка од јајце(10 за пандишпан )

Шеќер(10 лажици за пандишпан )

Брашно(4 лажици за пандишпан )

Мелени ореви(5 лажици за пандишпан )

Прашок за печиво(1/2 ќесичка за пандишпан )

Какао(2 лажици за пандишпан )

Маргарин(250 грама за фил )

Млеко(500 мл за фил )

Нишесте (пченкарен скроб)(3 лажици за фил )

Брашно(3 лажици за фил )

Шеќер(10 лажици за фил )

Црно чоколадо(100 грама за фил )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпан

  1. Белките се матат со миксер заедно со шеќерот додека шеќерот се растопи и додека добиете кремаста смеса.
  2. Во садот со белките се додаваат мелените ореви, какаото, печивото и брашното и смесата се меша со лажица.
  3. Смесата се претура во тркалезен калап за печење обложен со хартија за печење.
  4. Се става во рерна и се пече на 200 степени околу 40 минути.

Фил

  1. Во тенџере на оган се ставаат млекото, шеќерот, густинот, брашното и жолчките.
  2. Се готви со непрекинато мешање со жица и откако кремот ќе ја добие посакуваната густина, тенџерето се трга од оган.
  3. Во топлиот крем се додава искршената чоколада и се меша додека да се растопи.
  4. Во друг сад со миксер пенасто изматете го маргаринот и измешајте го со изладениот крем.

Финална постапка

  1. Калапот со испечениот пандишпан се вади од рерна, му се отстранува хартијата и се сече на два еднакви дела.
  2. Првата кора се премачкува со филот, врз него се става втората кора и целата торта се премачкува со фил.
  3. Се декорира со готварски шприц од преостанатиот фил и се наросува целата торта со ореви или со чоколадни трошки.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: