Рецепти
Црно бел колач со бисквити Ана Ѓорова

Брз, непечен и лесен леден колач со чоколадо во кој ќе уживате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црно чоколадо(200 Грама)

Бело чоколадо(200 Грама)

Кисела павлака(400 Милилитри)

Слатка павлака(200 Милилитри)

Желатин(10 Грама)

Рум(30 Милилитри)

Инстант кафе во прав(1 Супена лажица)

Вода(5 Супени лажици)

Млеко(300 Милилитри)

Бисквити(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Во садот со желатинот додајте 5 лажици вода и измешајте.
  2. Белото чоколадо растопете го на тивко во тенџере на оган, па откако ќе се растопи додајте половина од набабрениот желатин и 100 мл слатка павлака.
  3. Мешајте и откако ќе се растопи желатинот, тргнете го тенџерето од оган, додајте 200 мл кисела павлака и румот, па мешајте додека добиете хомогена смеса.
  4. Црното чоколадо растопете го во друго тенџере на оган, додајте ја преостанатата слатка павлака и преостанатиот желатин.
  5. Измешајте и кога ќе се растопи желатинот тргнете го тенџерето од оган, додајте ја преостанатата кисела павлака и инстант кафето и мешајте додека добиете хомогена смеса.
  6. Бисквитите натопете ги во млекото и редете ги во правоаголен калап обложен со најлонска фолија.
  7. Врз нив прво нанесете од белата, потоа од црната смеса.
  8. Прекријте со преостанатите бисквити потопени во млеко, па нанесете повторно од белата и црната смеса.
  9. Садот ставете го во замрзнувач, изладениот колач извадете го и исечете го на парчиња. Може да го декорирате со мелени ореви и со шеќер во прав.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: