Состојки
Амарант Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи „бесмртен“. Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица. По изглед слична е на просото и е житарка која се наоѓа на врвот на пирамидата за исхрана , бидејќи е супериорна по своите хранливи вредности во споредба со сите другите житарки. Амарантот претставува одличен извор на протеини (содржи повеќе протеини отколку повеќето други житарици), исто така содржи двојно повеќе лесно искористлив калциум од млекото, трипати повеќе растителни влакна од пченицата. Покрај тоа таа претставува одличен извор на железо, магнезиум, манган, калиум, витамини како А, Б2, Б6, фолна киселина (Б9) витамин Е, Ц и К. Амарантот не содржи глутен. Здравствените придобивки со користење на амарантот во исхраната се големи. Поради нејзиниот состав, амарантот може да помогне во регулирање на холестеролот и крвниот притисок, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, помага кај анемија и подхранетост, ги јакне коските, го подмладува организмот, го јакне имунитетот, но исто така го намалува и ризикот од развивање на одредени видови на рак.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: