Состојки
Амарето Амарето (итал. „малку горко”) е сладок италијански ликер со вкус на бадем кој потекнува од Сароно, Италија. Амарето се употребува за различни кулинарски цели: може да се пие чисто без никакви додатоци, да се додава во други пијалаци и да се создадат неколку популарни мешани пијалаци како и во кафе. Името Амарето е деминутив од италијанскиот збор Амаро што значи „горко” и што упатува на специфичен вкус од Амара мандорла (горчлив бадем). Сепак, горчината не е непријатна, а слаткоста - понекогаш од слатки бадеми- го подобрува вкусот во готовите производи. Спојувањето на Amaro („горчлив”) и amore („љубов”) доведе до асоцијации со романтика. Меѓутоа не треба да се помеша значењето на амарето со амаро: тие се различна фамилија на италијански ликери кои и покрај тоа што се слатки имаат силен горчлив вкус кој произлегува од билки.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: