Состојки
Араме алги Араме алгите се тенки кончасти алги, а нивниот вкус е пријатен и благ за разлика од други видови алги бидејќи содржи манитол, што е природен шеќер. Изобилуваат со белковини, витамини А, Б1, Б2, калциум, железо, јод, магнезиум и фолна киселина. Седум грама Араме алга, всушност задоволува 50% од дневната потреба за калциум. Содржи 60 милиграми јод на 100 грама алги. Препорачаната минимална дневна доза на јод за возрасни е 150-180 микро грами, 1 мг=1000 микро грами. Араме алгата носи и здравствени благодети за организмот, бидејќи ја подобрува еластичноста на срцевиот мускул и го регулира крвниот притисок. Сепак, во кулинарството се препорачува да не се консумира свежа, туку исклучително претходно зготвена, при што нејзиниот волумен значително се зголемува.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: