Состојки
Грчки јогурт Ако сте во потрага за погуста верзија на вашиот редовен јогурт, пробајте грчки јогурт. Се карактеризира со мазна, богата и густа смеса. Дел од она што го прави грчки јогурт различен од обичните јогурти е тоа дека од него е отстранета сурутката. Кога сурутка е отстранета, отстранета е и водата, со што се создава погуст производ. Грчкиот јогурт и други ферментирани јадења, како што матеница и кисела зелка, содржат пробиотици, живи микроорганизми кои може да помогнат за подобрување на варењето и на имунолошкиот систем и во намалувањето на несакани ефекти на антибиотик третманите. Постојат и други бенефити од консумирање на грчки јогурт и заедно со неговиот вкус ќе ви остават чувство на целост и задоволство. Грчкиот јогурт има двојно повеќе протеини од обичниот јогурт кои помагаат да се чувствувате сити. Бидејќи грчките јогурти содржат помалку јаглехидрати од обичните јогурти, тие имаат помалку лактоза, шеќер во млечните производи. Ова е особено корисно за луѓе кои се нетолерантни на лактоза. Грчкиот јогурт може да се користи за многу јадења, вклучувајќи солени и слатки. Поради густата текстура и богатиот вкус, многу луѓе го користат како замена за млеко, павлака и дури го користат при печење.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: