Состојки
Рендана кора од портокал

Лесто се случува кората од овошјето да ја фрламе бидејќи од неа нема никаква корист или да не сакаме да ја јадеме. Меѓутоа, експертите тврдат дека кората од портокал е добра за здравјето и за убавината. Една од најдобрите здравствени придобивки од кората од портокал е тоа што таа има за 200 проценти повеќе влакна отколку самиот плод од ова овошје. Па затоа ако имате чести проблеми со варењето, пробајте чај од кора од портокал. Жвакањето кора од портокал помага и во борбата против лошиот здив. Малку е познато дека кората од портокал има двапати повеќе калциум отколку самиот портокал. Во 100 грама кора се наоѓа повеќе од 150 мг калциум, додека во 100 грама портокал се наоѓа само 50 мг калциум, а калциумот е од суштинско значење за здравјето на коските и на забите. Постојат многу активни состојки во кората, а една од нив – флавоноидот хесперидин, е одличен антиоксиданс кој го штити срцето така што го намалува крвниот притисок, кој е главен причинител за срцеви болести. Состојките од кората го намалуваат и холестеролот, па затоа таа штити и од кардиоваскуларни проблеми. Тие кои имаат акутно воспаление често успеваат да го ублажат така што во секојдневната исхрана ќе ја вклучат кората од портокал. Поради тоа што има силни антиоксиданси и флавоноиди, кората од портокал го намалува ризикот од настанување на рак, а може да биде и помошно средство за лекување од оваа тешка болест.

Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: