Состојки
Соја сос Постојат повеќе видови соја сосови, но главни се кинескиот и јапонскиот. Создаден е пред 25 века во Кина, во 6 век на нашата ера се префрлил во Јапонија, а сега го има низ целиот свет. Како додаток на јадењата станува неопходен, па го има во комбинација со солта и црниот пипер на масите во рестораните. За будистичките свештеници, кои го отфрлиле месото од исхраната, соја сосот бил нешто како замена поради својот хранлив состав. Во земјите кои се хранат со ориз, соја сосот е мошне популарен зашто ја збогатува основната храна. Освен тоа, јадењето подготвено со соја сос може да се одржи подолго - слично како конзерванс. Во Европа соја сосот пристигнува во 17 век со холандските трговци. Најчесто се користи за јадењата подготвени во вок-тава, за месо, со динстан зеленчук, за сосови и друго. Ќе откриете дека нема јадење во кое не можете да ставите барем малку соја сос и тоа да ви го измени вкусот - на подобро, се разбира.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: