Занимливости
Домашен лек против израстоци и калуси на стапалата

Народски „курје око“ и „жуљеви“ се чести проблеми на стапалата од кои страдаат повеќето возрасни лица. Кожата на стапалата е здебелена, а се појавуваат и калуси што се исклучително болни и може да го отежнат одењето. Пределите што најчесто ги опфаќаат се петите, делот меѓу прстите или на местото кај стапалата каде што најмногу се чувствува притисокот при одење.

 

01

 

Со овој народен лек, може бесплатно и едноставно да ги решите овие непријатности на стапалата. Тоа што ви треба, а повеќето од вас веќе го имаат во својот двор или градина е растението Sempervivum, познато под името „чуваркуќа“ или „чувар на куќата“. Се работи за лековита билка со меснат и сочен лист со неверојатни здравствени придобивки.

 

Уште од минатото, сокот од оваа лековита билка се користи за зараснување на рани, иритации и изгореници на кожата, а со леснотија ги решава проблемите за болните и тврди израстоци и калуси на стапалата.

Потребно ви е:

 

– Растение чувар на куќата (Sempervivum)
– Фластери

 

Постапка:

 

1. Од чуварот на куќа откинете еден лист, доволно за да ја покриете проблематичната област.

2. Излупете ја надворешната површина на листот (кожата на растението е лесна за отстранување).

3. Ставете го исчистеното парче на израстокот или на жуљот и прицврстете го со фластер.

4. Постапката практикувајте ја наутро и носете го фластерот во текот на целиот ден.

5. Продолжете со третманот неколку дена и проблемите целосно ќе исчезнат.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: