Занимливости
Ефикасно и природно отстранете ги влакната над усните и на лицето

Многу жени имаат проблем со влакна на лицето што најчесто подразбира влакна над усните, меѓутоа и по линија на вилицата, во ушите и на брадата.

 

Проблемот со класичната депилација е осетливоста на лицето, појава на акни и црвенила. Покрај тоа, влакната на лицето повторно се враќаат и за кратко време треба повторно да се справувате со нив.

 

За тоа постои потполно природно решение што жените од Блискиот Исток го користат со векови. Прочитајте ги состојките и рецептот и ослободете се од влакната на лицето ефективно и засекогаш.

 

Состојки:

 

1 лажичка куркума

2 лажици брашно од леблебија (може сами да сомелете леблебии)

малку млеко или јогурт

 

Куркумата длабински ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другите нечистотии на површината на кожата, ја поттикнува работата на лимфните жлезди и површинската циркулација на крвта, а поради своите антивоспалителни дејства помага при ублажување на акни, го зголемува сјајот и природната pH вредност на кожата.

 

01

 

Куркумата можете да ја најдете во секој подобро снабден маркет или продавница за здрава храна, а брашното од леблебија може да го направите сами – во машина за мелење на кафе сомелете ги зрната леблебија или купете ја во продавница за здрава храна.

 

Употреба:

 

Смесата нанесете ја на посакуваното место на лицето во насока на растот на влакната и оставете 20 минути или додека се исуши. Протријте го местото со чиста, памучна ткаенина или четка натопена во млака вода и измијте го лицето.

 

Напомена: имајте на ум дека куркумата има жолта боја која ќе му даде убав тен на лицето, меѓутоа по третманот убаво измијте го лицето. На третираната зона можеби ќе се јави малку црвенило, но тоа брзо ќе исчезне поради антивоспалителното дејство на куркумата.

 

Практикувајте го третманот 3-4 пати неделно еден месец, а резултатите се феноменални – влакната максимално ќе се проретчат, ќе се истенчат и осветлат, а на крајот ќе исчезнат.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: