Занимливости
Направете сами: освежувач и средство против пајаци

Без разлика колку често го чистите домот, дворот или терасата, пајаците секогаш ќе најдат начин да се населат во вашата непосредна околина. Како да се ослободите од овие непријатни „потстанари“?

 

Етеричното масло од нане може да го најдете во поопремени продавници за здрава храна, а одлично е против инсекти како пајаци и мравки. Има пријатен мирис, затоа може да послужи и како освежувач на воздухот и е сосема безопасен за луѓето.

 

Нане против пајаци

 

01

 

На пајаците не им се допаѓа мирисот на нане. Тие се чувствителни на мирис од хемикалии и етерични масла преку малите рецептори кои се наоѓаат на предните нозе.

 

Силниот мирис на нане е сосема доволен за да ги испрати овие штетници во различна насока колку што е можно подалеку од вашиот дом и околина.

 

Спреј од нане

 

01

 

Наполнете мало шише со вода речиси до самиот врв. Додајте 5-10 капки есенцијално масло од нане. Не користете екстракт од нане или некои лажни етерични масла. Затворете го шишето и енергично протресете го.

 

Потоа може да ставите прскалка на шишенцето: ако водата што ќе ја испрскате има арома на нане – вашиот проблем е решен. Ако не, додајте уште неколку капки од маслото.

 

Со оваа мешавина може да ги попрскате сите агли на вашиот стан, тераса и сите места каде што преовладуваат пајаците.

 

Масло од нане

 

01

 

Натопете топки памук со есенцијално масло од нане и ставете ги врз мали тацни. Наредете ги во затворен простор на места каде што се собираат пајаци.

 

Не ги оставајте на дрвен мебел, ткаенина или други деликатни површини бидејќи маслото најверојатно ќе остави дамка.

 

Може да ја повторите оваа постапка ако топките се исушат или пајаците се вратат. Во секој случај, ова е идеален метод, меѓутоа само за внатрешни простории.

 

*Напомена: маслото од нане е доста силно затоа во никој случај не ги допирајте очите пред да ги измиете рацете. Милениците ќе се држат настрана од нането, меѓутоа за дополнителна претпазливост избегнувајте ја употребата на масло од нане на лесто достапни површини за нив.

 

Маслото од нане нема да ѝ наштети на вашата кожа доколку не сте алергични, дури помага при силни главоболки и ги ублажува болките во мускулите – уште еден плус во вашата авантура во борбата против пајаци!

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: