Занимливости
Важноста на истегнувањето пред и после вежбање

Истегнување пред и после било каков вид на вежбање е навистина важно затоа што помага да се загреат мускулите на кои ќе работите, спречувајќи повреда и зголемување на резултати од вежбањето и перформанси.

 

Оптималното време кое треба да го посветите на истегнување пред и после тренинг е 10 минути.

 

Покрај истегнување се препорачува да вклучите ролање со пенаста ролна (foam roller). Ролањето, односно само миофасцијално ослободување или масирање на меките ткива во вашето тело ќе ви помогне со болка во мускулите, поправање на неурамнотежени мускули, релаксирање на чворовите во мускулите (trigger points). Значи не е задолжително, но е корисно ако сакате да бидете здрави.  Доколку немате ролна, можете да импровизирате со поцврста топка, тениско топче, стаклено шише или некаква цврста туба. Направете неколку сесии дневно и поминете ги сите мускулни групи и задржете се минимум од 30 -60 секунди на секоја мускулна група.

 

Покрај тоа што ги подобрувате вашите перформанси и спречувате повреди, истегнувањето има и други бенефити за вашето тело.

 

1. Ја намалува мускулната тензија и го прави вашето тело да се чувствува порелаксирано.
2. Помага да се зголеми вашиот опсег на движење. Колку повеќе ќе се истегнете, толку пофлексибилни ќе станете и ќе бидете помалку склони кон повреда.
3. Помага да се спречи истегнување на мускулите. Мускул кој е истегнат пред вежбање се спротивставува на стресот многу подобро од мускул кој не е истегнат.
4. Го намалува ризикот од проблеми со грбот.
5. Го подготвува вашето тело за напорно вежбање.
6. Помага да се зголеми “свеста за телото”.
7. Промовира добра циркулација на крвта во вашите мускули.
8. Може да помогне да се намали менструалната болката (кај жени).
9. Ја намалува воспаленоста на мускулите по вежбање.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: