Заштитата на личните податоци
Заштитата на личните податоци на нашите купувачи е многу важна за нашата компанија. Сите интернет активности на Маринела ГСМ НЕТ Дооел кореспондираат со европските закони и се во согласност со Законите за Заштитата на личните податоци на РМ
Прибирање и обработка на лични податоци
Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. Маринела ГСМ НЕТ не прибира податоци од Вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога испраѓате рецепти или се пријавувате за добивање на СМС пораки или e-mail информација.
Употреба и чување на личните податоци
Маринела ГСМ НЕТ ќе ги употреби Вашите лични податоци исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да Ви овозможи пристап до посебни информации, или за општа комуникација со вас. Вработените во Маринела ГСМ НЕТ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци.
Слобода на Избор
Почитувани корисници Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на Маринела ГСМ НЕТ. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставате Вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет страницата. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот портал можат истото да го направат така што ќе ни напишат на korisnik@moemeni.mk
Автоматски снимени податоци
Кога ќе се вклучите на интернет страницата на moemeni.mk, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницатата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет страница и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.
Малолетници
Маринела ГСМ НЕТ им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на порталот без дозвола од нивните родители или старатели.
Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте го нашиот претставник.
Маринела ГСМ НЕТ Дооел, На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на интернет страните на Маринела ГСМ НЕТ Дооел.
Објава за промени
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Последна промена: Мај 2016
Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, ниту пак СМС пораки Во секое време ќе ви дозволиме, брзо и лесно да се откажете од примањето на електронски пораки од нас.