Рецепти
Телешки шницли со кромид и магдонос Ана Ѓорова

Вкусна тава од телешки шницли со магдонос, кромид и сос од домати

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Телешки шницли(1 Килограм)

Кромид(10 Главици)

Магдонос(1 Китка)

Сол

Бибер

Вегета

Брашно(по потреба )

Суво оригано

Доматно пире(500 Милилитри)

Вода(300 Милилитри)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Масло(150 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Магдоносот и кромидот се сечкаат ситно.
  2. Шницлите се посолуваат и се наросуваат со бибер и вегета. Потоа се валкаат во брашно од двете страни и половина од нив се редат во подмачкана тава.
  3. Врз шницлите ставаме половина од смесата со исечканиот магдонос и кромид, зачинуваме со оригано, сол, бибер и вегета по вкус.
  4. Сето тоа се покрива со преостанатите шницли како и со преостанатата смеса од кромид и магдонос.
  5. Во меѓувреме го подготвуваме сосот: во сад го ставаме доматното пире и ги додаваме водата, црвениот пипер, маслото и добро промешуваме.
  6. Одозгора во тавата ги преливаме шницлите со доматниот сос, ја затвараме со капак и печеме во рерна околу час и половина на 200°C.
  7. Готовите шницли сервирајте ги со пире и свежа салата. На здравје!

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: