Состојки
Амарето
Амарето (итал. „малку горко”) е сладок италијански ликер со вкус на бадем кој потекнува од Сароно, Италија.
Амарето се употребува за различни кулинарски цели: може да се пие чисто без никакви додатоци, да се додава во други пијалаци и да се создадат неколку популарни мешани пијалаци како и во кафе.
Името Амарето е деминутив од италијанскиот збор Амаро што значи „горко” и што упатува на специфичен вкус од Амара мандорла (горчлив бадем). Сепак, горчината не е непријатна, а слаткоста - понекогаш од слатки бадеми- го подобрува вкусот во готовите производи.
Спојувањето на Amaro („горчлив”) и amore („љубов”) доведе до асоцијации со романтика.
Меѓутоа не треба да се помеша значењето на амарето со амаро: тие се различна фамилија на италијански ликери кои и покрај тоа што се слатки имаат силен горчлив вкус кој произлегува од билки.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти