Состојки
Басмати ориз
Басмати ориз претставува вид ориз карактеристичен по својата долга и тенка форма на зрното со потекло од Индискиот подконтинент. Претставува традиционален ориз во индиската кујна, но се употребува и во нашите предели најчесто со месо или со зеленчук. Оризот Басмати, првично бил донесен на Блискиот Исток од индиски трговци и потоа преку размената станува значаен дел и во персиските и арапските предели. Индија и Пакистан се главни производители и извозници на овој вид ориз.
Имено, кафеавиот басмати ориз е права ризница на витамини и минерали, затоа е особено корисен за здравјето.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти