Состојки
Брашно од просо
Просото е една од најстарите житарици во човештвото и претставува најхранлива материја од сите останати житарици. Тоа е посебно корисно за човековото здравје, ја зајакнува отпорноста на организмот, не предизвикува дебелеење, го штити срцето од заболувања и го намалува ризикот од дијабетес и детска астма.
Брашното добиено од просо е одлична состојка за разни јадења. Има пријатен и по малку сладок вкус и е соодветно за слатки и за солени рецепти.
Брашното од просо исто така е и богат извор на витамини и минерали. Не содржи глутен и затоа е совршен за безглутенска исхрана и диета. Се употребува во леб, палачинки и разни видови мафини, како и за солени рецепти.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти