Состојки
Чиа семе
Чиа семето потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка, каде било важен дел во исхраната на Маите и Ацтеките. Помага во намалувањето на телесната тежина. Неговото консумирање пред јадење го намалува апетитот, го успорува варењето и како резултат на тоа, подолг период дава чувство на ситост. Исто така го намалува високиот притисок и помага во борбата со дијабетесот (го регулира нивото на шеќер во крвта). Богато е со протеини, јаглехидрати, масти и растителни влакна. Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот, 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките и 2 пати повеќе калиум од бананите. Исто така ги содржи и омега 3 и омега 6 масните киселини. Со само две лажички чиа можете да внесете 18% калциум, 24% магнезиум и 50% манган од препорачаните дневни вредности.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти