Состојки
Џем од дрен
Плодот на дренот се нарекува дренка и созрева кон средината или на крајот на летото. Дренките се познати во исхраната на Балканот и Западна Азија, но не се јадат пред да созреат, односно кога ќе паднат од дрвото. Зрелата дренка е темноцрвена или светложолта по боја, има кисел вкус (нешто меѓу брусница и вишна) и се користи за добивање сок и мармалад, но се јаде и исушена и се користи за правење на ракија „дренковица“. Содржи исклучително многу витамин Ц и затоа се зема против настинка и грип. Наоѓа примена и во традиционалната кинеска медицина.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти