Состојки
Џем од капини
Капина е растение кое расте на грмушки од фамилијата Rosaceae. Се одликува со светло или темнорозево-виолетова боја и слатко-кисел вкус. Плодовите можат да се користат за потрошувачка во свежа состојба, за домашна и индустриска преработка, а како замрзната може да се користи во текот на целата година. Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалад, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај. Овој чај помага за намалување на крвниот притисок, а помага и кај парадентоза. Пасираните капини се користат за приготвување на француски сосови. Пасираните капини можат да се користат и за приготвување сок, џем, мармалад и сос. Капините им даваат особен вкус на колачите, печивата, тортите, питите и пудинзите. Од нив може да се прави и ликер.
 Имено, капината е деликатесно и благотворно овошје со голема хранлива, диететска, профилактична, лековита и заштита вредност. Плодовите се богати со шеќери, органски киселини, витамини, обоени материи, пектини и минерални состојки.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: