Состојки
Гоџи бобинки
Гоџи е жбунесто дрвенесто растение, со вкусен плод во форма на црвени бобинки. Плодовите се големи од 1 до 2 сантиметри и се јадат свежи или сушени.
Од гоџи бобинките се прават сокови, смути, сирупи, чаеви, ликери, овошни јогурти, а во кулинарството е многу често употребуван додаток, особено на салатите поради високото нутритивно својство. Имено, Гоџи бобинките се единствени меѓу овошјето што ги содржат сите есенцијални амино киселини тие имаат и најголема концентрираност на протеини од било кое овошје. Овие мали, но моќни овошки содржат и висок процент на железо и витамини неопходни за човековото здравје.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти