Состојки
Кокосова вода Кокосовата вода е природен еликсир за вечна младост, тврдат индиските научници. Освен ефектот на подмладување, кокосовата вода прави чуда кога станува збор за ослободувањето од вишокот на килограми. Кокосовата вода е одличен начин за одржување на течностите во вашето тело на оптимално ниво, особено заради уникатниот состав на електролит. Тоа значи дека со помош на кокосовата вода кожата ќе остане еластична, хидратирана и мека. Кокосовата вода е како плазма во својата молекуларна структура и во неколку војни била користена како солен раствор, односно инфузија. Една чаша кокосова вода содржи 46 калории, а е многу хранлива за организмот. Колку за споредба, кокосовото млеко содржи дури 550 калории. Научниците веруваат дека кокосовата вода може да ни помогне да се ослободиме од вишокот килограми. Слатката вода нè тера да заборавиме на слатките и ни помага да ја отстраниме потребата за храна. Кокосовата вода не содржи масти, туку природен шеќер и минерали, а богата е со магнезиум, калиум и влакна кои го подобруваат варењето.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: