Состојки
Коноп
Конопот е ситен зрнест плод од растението Канабис Сатива, обвиткан со тврда лушпа слично како и сончогледот. Се работи за растение кое што содржи цврсти трајни влакна од кои се произведува хартија, облека, јажиња, материјали за градежништвото и уште многу други производи.
- Содржи Омега 6 и Омега 3 масни киселини, кои се важни за развивање на мозокот и нервите, како и за кардиоваскуларното здравје и општото зајакнување на имунитетот.
- Се состои од 25% јаглехидрати, од кои речиси сите се во форма на растворливи и нерастворливи влакна. Нерастворливите влакна се одговорни за придвижување на непотребните материи низ дигестивниот систем и одржување на редовното празнење на дебелото црево. Растворливите влакна се одговорни за забавување на апсорпцијата на шеќери и зголемување на излачувањето на жолчни киселини.
- Составено е од едноставни комплетни протеини кои се лесно сварливи, поради што не предизвикува подуеност и гасови, а воедно го јакне имунитетот и не брани од токсините. Ова значи дека ги содржи сите 20 амино киселини, вклучувајќи ги и сите 9 есенцијални амино киселини кои нашето тело не може да ги произведе, и кои мора да ги внесуваме преку храната бидејќи се неопходни за нашиот опстанок. Освен тоа, тие се ефикасни и за регулирање на гладот и градење и одржување на мускулната маса. Ова го прави коноповото семе најголемиот природен растителен извор на есенцијални масни киселини, со повеќе есенцијални масни киселини од ленот или било кои други јатки или семки.
- Содржи значителна засатапеност на витамин Е, витамин Б1, и витамин Б2, како и низа минерали како што се фосфор, калциум, магнезиум, железо, калиум, цинк и бакар.
- Го поддржува здравиот метаболизам и го олеснува согорувањето на мастите
- Може да помогне да се намалат непријатните хормонски предменструални симптоми
- Поттикнува здрава коса, нокти и кожа
- Ја намалува тенденцијата на воспаленијата воопшто и е корисна кај луѓе кои имаат проблеми со астма, фибромијалгија, артритис, итн.
- Претставува докажан лек против псоријаза
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти