Состојки

Ленено масло
Ленено масло е масло добиено од ленено семе. На пазарот е достапно како течно масло, но и како капсули поради поедноставно консумирање. Нерафинирано ленено масло има светложолта боја и е особено богато со лигнини, фитоестрогени и други антиканцерогени состојки. Исто така, лененото масло е богато со растителни влакна, Б витамини, магнеизум и цинк и претставува одличен извор на Омега 3, Омега 6 и Омега 9 есенцијални масни киселини потребни за здраво функционирање на организмот.
Обично, лененото масло се припрема со млечни производи, сирења и кашкавал или како состојка во салати, а се препорачува за одржување на идеална телесна тежина и добро здравје. Не се препорачува да се користи за готвење, поради тоа што на висока температура ја губи стабилноста и корисните масни киселини се разложуваат на штетни материи.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти