Состојки
Лосос чаден Лосос чаден е вид риба што се прави најчесто ладно чадено што значи дека се прави чад кој не создава температура поголема од 30°C, што значи дека рибата не се потпекува, но има поинаква текстура и поделикатна арома. Се чади со дрво од бука или даб. Природно одгледаниот чаден лосос е сосема редок. Чадениот лосос е денес многу употребуван во многу префинети ресторани, а во некои земји е задолжителен за празниците околу Нова година. Најдобар е кога е сечен на сосема тенки кришки. Најчесто на подобрите марки лосос е истакнато дека е сечен рачно, затоа што машинското се смета за несоодветно. И кај лососот има црни и црвени етикети, како кај вискито. Оние со црни се подобри.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: