Состојки
Паштета од лосос Лососот спаѓа во класата коскени риби, во редот пастрмковидни риби и во фамилијата пастрмки. Оваа фамилија има 76 вида, вклучувајќи го вистинскиот европски лосос. Животот го минува во слатките води (реки и езера) и во морињата (на отворено море и во крајбрежни подрачја) од северната хемисфера. Достигнува должина од 1,5 метар и тежина до 75 килограми. Животниот век му изнесува десетина години. Додека престојуваат во морските води, лососите се хранат со ракообразни животни и со разни видови риби. За да мине некој водопад или друга пречка, лососот прави скокови високи 2 до 4 метри и долги 4 до 6 метри. Вистинскиот лосос има големо економско значење. Многу е ценет од спортските риболовци, а неговото месо е многу вкусно и се јаде свежо или чадено.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: