Состојки
Пченични снегулки Зрното пченица содржи протеини, јаглехидрати, масти, фосфор, калиум, магнезиум, калциум и железо. Пченичното зрно е единствено жито во кое се наоѓа каротен или провитамин А, а присутни се и витамините од групите Б, Е, Д и К. Пченичните снегулки се добиваат со посебни технолошки постапки од цели (интегрални) пченични зрна. Во тоа се состои и предноста на снегулките бидејќи тие ги содржат сите состојки, за разлика од други пченични производи во кои се наоѓаат само делови од зрната, најчесто без обвивката и без никулците, во коишто, всушност, се наоѓаат најзначајните состојки. Се приготвуваат многу едноставно, со потопување во млеко, јогурт или во чај и особено се препорачуваат за појадок. Многу често консументите кои ги користат ги мешаат со други жита и прават мешавини по желба, често вклучувајќи и сушени овошја или, пак, јаткасти овошја.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: