Состојки
Путер од кикирики-органски Путер од кикиритки е прехранбен производ што се добива од печени и ситно мелени кикиритки во вид на паста, кон што е додадено растително масло. Путерот од кикиритки има големо количество белковини и погоден за исхрана на стари луѓе, кои поради проблемите со забите не се во можност да џвакаат месо и на тој начин да внесуваат протеини и белковини. Путерот од кикиритки содржи мононезаситени масти и резвератрол. Исто така, обезбедува протеини, витамини како Б3 и Е, магнезиум, фолна киселина, диетални влакна, аргинин. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол, при тоа зголемувајќи го нивото на добриот холестерол. Според истражувања спроведени во Америка, умереното консумирање на путер од кикиритки двојно го намалува ризикот од срцеви болести.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: