Состојки
Сок од боровница
Боровиница е познато растение како народен лек против шеќерна болест и толку е делотворна што некои ја нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка. Боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. Половина шолја свежи боровинки содржи само 40 калории, а нуди цела низа на здрави состојки како што се: калиум, железо, витамин Ц, витамин А, растителни влакна, антоцианини и фенолицини. За тоа се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната. Истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти