Состојки
Спирулина во прав
Спирулината е природна „алга“ (cyanbacteria) во прав, која е неверојатно богата со протеини и е добар извор на антиоксиданти, Б-витамини и други хранливи материи. Кога е набрана правилно од неконтаминирани езера и останатите водни површини, таа е една од најмоќните извори на хранливи состојки на располагање. Спирулината во голема мера е составена од протеини и есенцијални аминокиселини и обично се препорачува на вегетаријанци поради нејзината висока природна содржина на железо.
Високата концентрација на протеини и железо, исто така, ја прави идеална за време на бременоста, по операција, или во секое време кога на имунолошкиот систем му треба зајакнување.
Прочитајте повеќе околу спирулината на следниот линк: https://moemeni.mk/?cs_vesti=spirulina-nachin-na-upotreba-i-benefiti
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти