Црното брашно прехранбено е висококвалитетно брашно, поради високата содржина на витамини, минерали и особено на диетални влакна. Се користи во домаќинствата за подготовка на разни производи од тесто (леб, печива и слично). Лебот од црно брашно има повлажна средина, полн вкус и подолго ја задржува свежината од белиот леб.
Брашното од цели зрна на пченица ги содржи сите делови на исчистени и сомелени зрна пченица вклучувајќи ги и лушпата и клицата. Тоа е богато со диетални влакна, витамини и минерали, содржи поголем процент на протеини од бело брашно. На пазарот доаѓа под имињата Грахам брашно или интегрално пченично брашно. Лебот од цело зрно е полн со вкус, набиен и со груба структура, и затоа често се меша со бело или полубело пченично брашно.