Состојки
Црвени рибизли Црвената рибизла е многу вкусно и лековито овошје. Успева на сончеви места, а неоходна ѝ е влага. Плодовите на рибизлата имаат киселкасто сладок вкус и карактеристична арома. Црвената рибизла (Ribes rubrum L) е природна ризница на многу витамини, минерали, ензими и други корисни состојки. Затоа, таа е многу здраво овошје, кое во народната медицина се користи за превенција и лекување на многу заболувања. Рибизлата е богата со антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат разни заболувања, па дури и рак. Според тоа, рибизлата е природен антиканцероген лек. Каротинот ја дава црвената боја на рибизлата, кој служи за синтеза на витаминот А во организмот. Тој не само што ја штити слузницата, туку и ја потпомага размената на материите во организмот. Рибизлата е добар извор и на витамин К, кој го одржува здравјето на коските и на кардиоваскуларниот систем. Витаминот К го активира остеокалцинот, кој помага во вградувањето на калциумот во коските, како и го регулира здравото згрутчување на крвта.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: