Состојки
Цвет од липа
Липата има корисен ефект кај кардиоваскуларниот систем, особено кај хипертензијата, бидејќи го намалува крвниот притисок. Цветот на ова растение ги лечи и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, па дури и во случај на проширени вени. Благотворно влијае врз самата крв и го спречува нејзиното згрутчување. Делува против формирање на наслаги во крвните садови и го намалува ризикот од стеснување на коронарните артерии кои го снабдуваат срцето со крв. На овој начин се намалува ризикот од срцев удар. Сепак, луѓето кои веќе пијат лекови против формирање на тромб или за намалување на притисокот, како и други лекови за срцеви заболувања, треба да бидат претпазливи кога консумираат чај направен од липа, бидејќи тоа може дополнително да го зголеми нивниот ефект.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти