Состојки
Зелен лимон
Зелениот лимон или Лимета, претставува овошје од семејството Цитруси, кој се карактеризира по својата зелена боја, округла форма, кисела внатрешност и потенка кора, а димензиите му се од 3 до 6 сантиметри. Сличен е на лимонот, освен по бојата и донекаде во вкусот.
Честопати, зелениот лимон се користи како додаток во храна и разни пијалоци со цел да им даде освежителен вкус и одлична арома. Значи, зелениот лимон како состојка се користи поради киселоста на сокот и поради растителната арома. Се употребува во некои видови десерти, потоа во многу јадења од мексиканската и тајландската кујна. Сушените зелени лимони се употребуваат како зачин во персиската кујна.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти