Занимливости
10 филмови за храна што мора да ги гледате

Погледнете ја листата на одлични филмови за гурманите, готвачите, „јадачите“ и за останатите што сакаат да уживаат во светот на кулинарството преку уметноста.

 

 

1. Chef (2014) 

 

 

Карл (Џон Фавро) е готвач во елитен ресторан во кој се чувствува заситено од монотоното мени на кое инсистира неговиот шеф. Кога ќе го изгуби трпението и следствено на тоа, својата работа, почнува од почеток правејќи кубански сендвичи во камион за храна со неговиот син.
Највкусна сцена: Едноставната и неодолива паста со песто на Карл.

 

2. Chocolat (2000)

 

 

Самохраната мајка Вијан (Џулиет Бинош) и нејзината ќерка се селат во рурална Франција и отвораат необична продавница за чоколади, преполна со благи на кои е тешко да им се одолее, веднаш на улицата преку локалната црква. Чоколадото на Вијан набрзо ќе почне да ги менува животите на луѓето во селото.

 

Највкусна сцена: Секој пат кога Џони Деп ќе проба парче чоколадо 🙂

 

3. Big night (1996)

 

large_yGeAsltUI7BmrESiGJVjDvRUarO

 

” https://www.youtube.com/watch?v=aBThZOatwes ”

 

Браќата Први (Тони Шалуб) и Втори (Стенли Тучи) се италијански емигранти што отвораат ресторан во Њујорк. Први е пефекционист и одличен готвач, а Втори е менаџерот во ресторанот што сака да води добар бизнис. Меѓутоа, дали ќе успеат покрај сите препреки да го задржат ресторанот и да продолжат со добрата работа и понатаму?

 

4. Waitress (2007)

 

best-food-lover-movie

 

” https://www.youtube.com/watch?v=JZccnrYn8dA ”

 

Џена (Кери Расел) е меланхолична и бремена келнерка која прави одлични пити во нејзиниот ресторан со надеж дека ќе ја освои локалната награда за најдобра пита и ќе заработи доволно пари за да го напушти својот сопруг. Сето тоа се менува кога еден симпатичен нов лекар доаѓа во градот, а многуте пити стануваат помалку работа за Џена, а повеќе форма на терапија.

 

5. Ratatouille (2007)

 

1200x630bb

 

” https://www.youtube.com/watch?v=bKedSHDpkvI ”

 

Реми (Патон Освалт) е стаорец од Париз што сонува еден ден да ги оствари своите кулинарски способности. Но, единствениот проблем е што тој е стаорец. Наскоро ќе се најде во кујната на еден од најпознатите француски ресторани што е голем предизвик во остварувањето на неговите соништа.

 

Највкусна сцена: Кога Реми ќе ја зготви својата прва супа

 

 

6. Haute Cuisine (2012)

 

haute-cuisine-landscape

 

” https://www.youtube.com/watch?v=OSaZ7xyzOGo ”

 

Врз основа на вистинска приказна, Хортенс Лабие (Кетрин Фрот) е славен готвач во мал град во Франција, која одеднаш е присилена да биде личен готвач на претседателот на Републиката. Иако се соочува со луда сенка од претежно машкиот кујнски персонал и повеќе внимание од претседателот, таа наоѓа моќ во нејзиното несомнено неверојатно готвење.

 

7. Cloudy with a chance of meatballs (2009)

 

B00304E5NG_CloudyChanceofMeatballs_UXSY1._V143723344_RI_SX940_

 

” https://www.youtube.com/watch?v=pUaKcFI4BZY ”

 

Лошиот научник Флинт Локвуд (Бил Хадер) создаде машина за претворање на водата во храна, која предизвикува хаос кога почнува да ја конвертира водата во атмосферата: почнува да врне храна! Значи, во основа, соништата на сите деца се остваруваат.

 

Највкусна сцена: Бурата од сладолед!

 

8. Jamie’s Sugar Rush (2015)

 

maxresdefault

 

” https://www.youtube.com/watch?v=Bpr20BdngSY ”

 

Краток интересен документарец во кој славниот британски шеф Џејми Оливер го истражува огромниот придонес на шеќерот во глобалните здравствени проблеми како што се дебелината и дијабетес тип 2, открива колку шеќер има во на лик здравата храна и истражува што може да се направи за да се помогне.

 

9. Marie Antoinette (2006)

 

marie-antoinette

 

” https://www.youtube.com/watch?v=BuByY-DnGYo ”

 

Драматично толкување на раскошниот начин на живот на Марија Антоанета во годините пред француската револуција. Тешко е да се каже што е повкусно: целиот скандал или сите торти.

 

10. Julie and Julia (2009)

 

julie4

 

” https://www.youtube.com/watch?v=ozRK7VXQl-k ”

 

Фрустрирана и со ужасна работа Џули Пауел (Ејми Адамс) зазема смел проект: ветува дека ќе ги зготви сите 524 рецепти во книгата за готвачи на Јулија Чајлд наречена “Господарење на уметноста на француското готвење”. Преплетена со приказната на Џули, е вистинската приказна за тоа како Јулија Чајлд (Мерил Стрип) ја освоила француската кујна со страст, бестрашност и многу путер.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: