Занимливости
10 начини да го заштитите кучето од летните горештини

Летото е во полн ек, што значи дека температурите се зголемуваат и станува сè потопло. Додека ние луѓето сме среќни што можеме да носиме што помалку облека и да уживаме во патувања на море или езеро, нашите кученца треба да најдат други начини да останат оладени – и на нас е да помогнеме!

 

Бидејќи нашите миленици не можат да ни кажат кога се чувствуваат претопло, проверете го тоа преку овие 10 начини за да им помогнете да останат изладени оваа сезона.

 

 

1. Соодветна активност 

 

Додека секојдневните прошетки се здрава навика што е добра за речиси секое куче, можеби е најдобро оваа активност да се прескокне ако сонцето е пресилно. Ако не можете да не го изнесувате кучето надвор, обидете се да направите кратка прошетка рано наутро или навечер за да го избегнете најжешкиот дел од денот.

 

2. Грижете се за неговото крзно

 

01

 

Чешлањето на крзното е суштински дел за здравјето на вашето куче, а во текот на летото може да помогне миленикот да се лади. Шишањето или чешлањето на вишокот крзно може да биде многу олеснително за нив, особено за кучиња за кои треба редовно кастрење како пудлиците, така што може да имаат корист од пократко крзно во топлите денови.

 

Нормално, не е потребно да го бричите крзното на кучето, без разлика дали има пократко или подолго влакно. Верувале или не, нивното крзно е всушност потребно за да се заштитат од топлината, а исто така ги штити и од изгореници од сонце. Ако не сте сигурни дали да на вашето куче да му направите летна фризура, консултирајте се со вашиот ветеринар.

 

 

3. Разладувајте го во вода

 

01

 

Немате базен? Нема проблем – разладете го вашето куче низ прскалката во дворот ако му се допаѓа. Ако немате двор, оладете го миленикот во кадата. Ако ваашето куче обожава вода, мал детски базен е одлично решение за во најжешките денови.

 

 

4. Оставете го да седи во климатизирана просторија

 

fanpuppy

 

Ако ладите само определен дел од вашиот дом, погрижете се таму да биде и вашиот миленик. Избегнувајте да го оставате надвор во дворот, особено не на сонце, а и под дрво каде што лесно продира сончевата светлина не е најпаметно. Сместете го во удобно засолниште и оставете нека ужива во проветрувањето.

 

 

5. Бидете креативни со вашиот замрзнувач

 

5

 

Омиленото ќебенце или плишана играчка ставете ги во фрижидер за пикник во кој има лед и оставете ги некое време за да се оладат, а потоа дајте му ги на вашето куче да си игра. Друга опција е да направите награди за вашето куче од путер од кикирики или кокосово масло. Ставете ги во замрзнувач, а потоа ладните награди дајте му ги на вашето куче.

 

 

6. Дајте му на вашиот кученце ладно место каде ќе одмара

 

Осигурајте се дека вашето куче има пристап до ладни места каде што може да си лежи. Во топлите денови дајте му пристап до под со плочки, цементиран подрум или када/тушкабина. Овие места се најладни и им се омилени за лежење.

 

 

7. Чувајте го хидрирано!

 

Pet-Drinking-Bottle-2

 

Осигурајте се дека садот за вода на вашето куче останува ладен и свеж за да може кутрето постојано да пие. Слободно можете да ставите и коцки лед во садот за водата да е поладна. Она што треба да го знаат сите сопственици на кучиња е дека кучињата што страдаат од топлотен удар треба да се оладат со млада вода, а не преладна за да се спречи шок.

 

 

8. Оставете го вашето куче дома

 

September 014pn_thumb[1]

 

Имате некоја работа надвор на топол ден? Оставете го вашето куче дома. Можеби мислите дека сакаат постојано да бидат со вас, но ако го оставите во возилото дури “само за една минута”, тоа е исклучително непријатно, и најмногу од сè, опасно. Размислете за тоа: ако вие не можете да издржите во автомобилот без клима уред, не може ниту вашето кучњ. Чувајте го дома, каде што ќе  му биде удобно и ќе биде на безбедно.

 

 

9. Подгответе се ако планирате да го земете со вас

 

Ако планирате да одите на места каде што вашиот миленик може да ве придружува – на пример, во продавница за миленичиња или на ветеринар осигурајте се дека пред да го внесете кучето во автомобилот, климата работи неколку минути! Исто така земете со вас изолирано шише со вода за вашиот миленик да може да се напие ако е жеден.

 

 

10. Обрнете внимание на вашето кученце

 

Како што беше споменато во воведот, нашите кучиња не можат да ни кажат кога ќе им стане премногу жешко, па затоа треба да ги бараме знаците. Ако одлучите да одите надвор на прошетка или да си играте со топка, останете блиску до дома и не го преморувајте вашето куче. Многу разиграни кученца нема ни да приметат дека се прегреваат се додека не биде предоцна. Чувајте особено блиско око кутриња со кратрки носиња како Боксери, Мопс и Булдози, кои се екстремно осетливи на топлотниот удар. Вие го познавате најдоброто вашиот миленик и од вас зависи да се осигурате дека тој ќе остане безбеден!

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: