Прекумерната тежина е вистинска трагедија во современиот свет. Факт е дека многумина се обидуваат на разни начини да се ослободат од вишокот на килограми, но најчесто безуспешно.
Физичката активност и здравите навики се, секако, од суштинско значење за одржување на линијата, меѓутоа и овие 10 препорачани психолошки трикови може да ви бидат од корист за полесно и поефективно намалување на телесната тежина.
1. Јадете од помали чинии
Во две чинии може да има еднаква количина на храна, но визуелно во помалата чинија порцијата изгледа поголема. Накратко, мала чинија – помалку храна.
2. Ако сте левак, јадете со десна рака и обратно
Ова важи за ужина и за главните оброци. Количината на изедена храна се смалува дури за 20%.
3. Пијте во висока и тенка чаша
На прв поглед изгледа дека во ниската и широка чаша има помалку течност отколку во високата чаша. Меѓутоа, се работи само за илузја, бидејќи количината на течност во првата чаша е вкушност поголема.
4. Ставете огледало во кујната
При психолошките експерименти, на кандидатите им било поставено огледало пред двете чинии со здрава и нездрава храна.
Според резултатите, под влијание на огледалото луѓето стануваат посвесни и прават поздрави избори. Совет: ставете помало огледало на трпезариската маса или на магнетите на фрижидерот.
5. Џвакајте мастика кога сте гладни
Дајте им предност на овошните мастики бидејќи оние со вкус на ментол може да го сменат вкусот на здравата храна.
6. Јадете полека
Луѓето што јадат брзо – јадат повеќе. Забавете го темпото и оставајте ја лажицата или виљушката на чинијата после секој залак.
7. Јадете во длабоки и мали чинии во црвена боја
Истражувањата покажал дека луѓето интуитивно јадат помалку ако храната е послужена во црвен сад, бидејќи таа боја асоцира на знакот „стоп“.
8. Исклучете го телевизорот кога јадете
Ручек пред екранот несвесно ќе ве натера да изедете повеќе. Ако не гледате телевизија додека јадете, тоа ќе ја намали вашата вечера или ручек дури за 50%.
9. Сликајте ја калоричната храна што планирате да ја јадете
Овој психолошки трик кој повторно се однесува на зголемување на самосвеста, ќе ја намали количината изедена храна во текот на денот скоро за третина.
10. Избегнувајте разни видови храна на трпезата
Замислете дека сте на куќна слава и дека јадете само еден вид салата – скоро невозможно. Кога човек пред себе гледа поголем избор на намирници, секако дека сака да проба од сè. Обидете се во чинијата да ставите иста количина на храна, но никако разновидна.