Занимливости
11 интересни факти за храна

Денес дознавме…

 

1. Зошто крекерите имаат дупки?

 

05 (2)

 

Крекерите не случајно имаат дупки или поради декорација, што би си помислиле повеќето. Всушност, без овие дупки, крекерите во производствениот процес не би се испекле коректно. Овие дупки овозможуваат пареата да излегува при печењето што ги прави крекерите рамни и крцкави наместо нараснати.

Но, дупките мора да се убаво распоредени – ако се премногу блиску, крекерите ќе бидат многу суви и тврди, а ако се нерамномерно распоредени, крекерите некаде ќе бидат нараснати со меурчиња, а некаде ќе останат рамни.

 

2. Зошто млекото има бела боја?

 

05 (2)

 

Млекото е направено од околу 87% вода и 13% цврсти материи како разни протеини и масти. Главниот протеин во млекото е казеинот што ја дава белата боја. Казеинот и одредени масти одразуваат широк спектар на бранови должини, предизвикувајќи млекото да го гледаме во бела боја.

 

3. Зошто чили пиперките имаат лут вкус? 

 

05 (2)

 

Лутите пиперки го добиваат вкусот од капсаицин – безбојна хемиска материја без вкус што се наоѓа во пиперките.

Капсаицинот е поврзан со определени сензорни неврони што помалку или повеќе го примамуваат умот да  мисли дека гори или да доживува огромно количество топлина во областите опфатени со капсаицинот, иако вкушност не се случува никакво физичко горење и нема промени во температурата.

 

4. Зошто нането има „ладен“ вкус?

 

05 (2)

 

Слично на тоа зошто пиперките имаат лут вкус, хемиската материја во нането – ментолот – го примамува мозокот да мисли дека местото што е опфатено со ментол е ладно, иако, во принцип, е исто како претходно.

Ментолот е поврзан со рецепторите во кожата чувствителни на ладно кои даваат чувство на студ, иако температурата помалку или повеќе е иста како претходно.

 

5. Зошто кромидот ги солзи очите?

 

05 (2)

 

Кромидот, како и повеќето растенија од родот Allium, апсорбира сулфур од почвата. Кога ќе го пресечете кромидот, се ослободуваат одредени ензими што потоа реагираат со сулфурот и создаваат аминокиселини сулфоксиди. Овие сулфоксиди создаваат високо нестабилен син-пропантиал-С-оксид кој е комбинација на сулфурна киселина, сулфурдиоксид и водород сулфид. Кога оваа супстанција, во гасна состојба, доаѓа во контакт со влагата во окото, таа предизвикува чувство на горење преку цилијарниот нерв, што доаѓа до солзење.

 

Готвениот кромид нема да го произведе истиот ефект бидејќи процесот на готвење на кромидот ги деактивира ензимите потребни за да се направи син-пропанетскиот-S-оксид. Така можете безбедно да го џвакате готвениот кромид без да се расплакате.

 

6. Зошто швајцарското сирење има дупки?

 

05 (2)

 

Дупките доаѓаат од нуспроизвод на некои од микробите додадени на млекото при подготовка на швајцарско сирење.

Поточно, постојат три основни видови на бактерии кои обично се користат за производство на швајцарски сирења (тие може да варираат во зависност од производителот): првите два типа на микроорганизми произведуваат значителни количини на млечна киселина, што, пак, се консумира од вториот тип на микроорганизми. Третиот тип на бактерии (Propionibacterium shermanii) е одговорно за дупките во швајцарското сирење.

Ацетатот и пропионската киселина (произведени од бактеријата при подготовката на сирењето) му даваат на швајцарското сирење голем дел од својот посебен вкус, додека јаглеродниот диоксид ги формира меурчињата во сирењето. Овие меурчиња на јаглерод диоксид се оставени, бидејќи сирењето продолжува да ферментира, наместо да ги истиснува, што им ги дава на швајцарските сирења своите специфични дупки.

 

7. Зошто пуканките пукаат?

 

39566461-popcorn-wallpapers

 

Има 3 главни елементи на пченката кои треба да се соединат за да произведат  семки кои се добри за пукање. Тие елементи се: процентот на вода, цврста, неоштетена лушка и сладок центар. Кога семките се загреваат, водата внатре во нив почнува да испарува. Под претпоставка дека цврстата лушпа не дозволува пареата да излезе надвор, се формира мал и едноставен „шпорет на пареа под притисок“. Шеќерот во семката потоа се претвара во супстанца како гел. Тогаш, притисокот во семката е толку силен што лушпата пука. Откако ова ќе се случи, пареата брзо се распространува што резултира проширување и зацврстување на гелот во воздушна пена. Ладењето ги претвата шеќерот и протеинските полимери во бели, подуени снегулки кои ги викаме пуканки.

 

8. Зошто јастозите и ракчињата стануваат црвени кога се готват?

 

img_1772_2

 

Јастозите и раковите имаат каротеноиден пигмент наречен астаксантин во нивната школка, што им ја дава црвената боја. Сепак, кај повеќето, оваа црвеникава боја се меша со други бои за да се формира нормална, често послаба боја.

Астаксантинот е стабилен во топлина, додека останатите пигменти не се. Ова значи дека кога се готват, другите пигменти се распаѓаат, оставајќи го само светло-црвениот астаксантин, а со тоа и јасно црвени јастози и ракчиња!

 

9. Зошто солта го подобрува вкусот?

 

bigstock-sea-salt-34380128

 

Ова делумно се должи на фактот дека „соленоста“ е еден од петте основни вкусови кои човечкиот јазик може да ги детектира. Солта има и други ефекти освен правење на работите посолени. Додавањето на сол во храната им помага на одредени молекули во храната полесно да се ослободат во воздухот, со што се подобрува аромата на храната, која е важна во нашата перцепција на вкусот.

Солта, исто така, се покажа дека помага да се потисне горчливиот вкус. Значи, додавањето на малку сол не само што ќе ја зголеми перцепцијата на солен вкус, туку исто така ќе ја намали перцепцијата на горчлив вкус во секоја дадена храна (поради што често се попрскува на грозје, на пример, пред јадење).

 

10. Зошто Хамбургерот се вика Хамбургер?

 

kfd-howtohamburger-Burgers_5_0391-1024x621

 

Во почетокот на 18-ти век некои Германци забележале за време на нивните патувања во Азија дека локалните жители ставале говедско месо меѓу нивните седла додека се возеле за да помогне да се омекне за подоцнежна потрошувачка. На Германците им се допаднала идејата за меко зачинето месо, па затоа ја донеле идејата дома со нив во Хамбург. Со текот на времето, идејата станала позната како месото Хамбург. Неколку години подоцна, кога германските имигранти се упатиле кон САД, тие го споделиле рецептот за месото Хамбург.

Првиот запис за месото од Хамбург во САД бил во 1884 година, кога бостонскиот вечерен весник го споменал „Хамбуршкиот стек”. Брзо потоа луѓето почнале да прават свои варијанти од месото.

 

11. Од каде потекнува помфритот?

 

french-fries

 

Токму кој ги претставил овие „златни ленти“ не е потполно познато. Меѓу различните теории, општоприфатено е дека помфритот бил измислен од Белгијците или од Французите. Историските извештаи укажуваат на тоа дека Белгијците веројатно пржеле тенки ленти од компири уште во доцниот 17-ти век (иако некои тврдат дека тоа не било до крајот на 18-ти век) во долината Meuse помеѓу Dinant и Liege, во Белгија. Како тие наводно дошле до идејата било дека, во оваа област, многу честа била појава за луѓето да ги пржат малите риби како главен оброк. Меѓутоа, кога реките се замрзнале, имале потешкотии да фаќаат риби. Така, наместо да пржат риба, во овие времиња, тие сечеле компири на долги тенки парчиња и ги пржеле како што ја пржеле рибата.

Околу истиот период французите тврделе дека тие го измислиле помфритот. Од кога го откриле/измислите, помфритот станал многу познат во Франција, особено во Париз, каде што ги продавале на улица во подвични продавничи и ги викале „frites“.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: