Занимливости
11 совети за нега на косата во лето

Одржувајте ја вашата коса свежа и здрава цело лето користејќи што поприродни методи и следете ги следните совети.

 

 

Природниот изглед на косата е одличен за во лето. Сега е сезоната да се ослободите од совршени, елегантни фризури и да го практикувате опуштениот, природен изглед. Научете како да ја заштитите косата од топлина, сонце и влажност без многу напор.

 

 

1. Покријте ја главата

 

Користете марама или шапка за покривање на вашата глава кога сте изложени на сонце. Ова не само што обезбедува дополнителна УВ заштита, но исто така му помага на скалпот да ја задржи влагата. Шапката ја намалува штетата предизвикана од ветер, особено ако вашата коса е склона на плеткање и ја заштитува обоената коса.

 

 

2. Што помалку затегнати фризури

 

Носете ја косата во опуштен стил и избегнувајте да правите тешки фризури. Неуредната плетенка е идеална за собирање на косата во лето и со тоа ја минимизира нејзината изложеност на сонце. Затегнатите фризури можат да бидат штетни затоа што може да ја повлечат и раскинат косата, особено ако вашата коса е сува од летната топлина.

 

 

3. Мијте ја косата поретко

 

Честото миење на косата го лишува скалпот од своите природни масла, што како резултат го стимулира дополнително производството на масло и ве тера да почувствувате потреба да ја миете масната коса што почесто. Обидете се само да ја исплакнете косата во тушот по ден на плажата или на базен и видете дали така ќе се ослободи од вишокот масло. Користете домашен или природен сув шампон, како пченкарен скроб наместо обичен шампон и мијте ја поретко.

 

 

 

4. Не ја сушете косата со фен

 

Во лето обидете се да ја сушите со фен вашата коса што е можно помалку. Веќе е изложена на значително количество топлина на дневна база во текот на летото и поради тоа веројатно ќе се исуши брзо и самата по себе, па затоа направете пауза од фенот и изберете го природниот пат. Избегнувајте и пегла за коса бидејќи со тоа дополнително ќе ја оштетите веќе сувата коса.

 

 

5. Домашна маска за освежување

 

Нанесете на косата мешавина од вода, алое вера и масло од авокадо. Имајте ја подготвена оваа смеса и нанесете секогаш кога имате потреба од малку влага и / или освежување на косата. Друга добра опција е арганово масло измешано со вода.

 

 

6. Секогаш користете регенератор

 

Исплакнете ја косата со јаболков оцет разреден во вода за брз природен балсам. Користете кокосово масло или шеа путер за да ја измазните косата, да го намалите електрицитетот и да ѝ дадете сјај на косата по миењето. Маслото ќе ви даде сјај ако имате брановидна коса и помага да создадете природни локни. Обидете се со природен третман за еднаш неделно за да добиете дополнителна влажност во косата.

 

 

7. Заборавете на дисколорација после бањање

 

Ако сте русокоса која се претвора зелена кога ќе ја натопи коста во базен, пробајте да ја исплакнете вашата влажна коса со ¼ чаша јаболков оцет и 2 чаши вода за да се ослободите од дисколорација. Помага ако ја намокрите косата пред да влезете во вода бидејќи тогаш нема да апсорбира толку многу хлор.

 

 

8. Додајте малку крем за сончање

 

Постојат шампони кои содржат УВ заштита, но повеќето од нив се хемиски оптоварени, конвенционални шампони кои би ви препорачале да ги избегнете. Еден брз начин за додавање на некоја заштита е со рацете да ја прочешлате косата откако сте се намачкале со крем за сончање.

 

 

9. Нанесете масло

 

Кокосовото, маслиновото и маслото од авокадо се добри за косата. Измијте ја косата со шампон како  вообичаено, а потоа нанесте масло од коренот до врвовите. Исплакнете ја, а потоа ставете регенератор како вообичаено. Косата треба да ви биде мека и мазна, но не мрсна.

 

 

10. Трик за брановидна коса како да сте биле на плажа

 

Еден блогер го препорачува овој домашен спреј од морска сол направен со 1 лажиче морска сол и 1 лажиче кокосово масло, измешано со вода во мало шише со прскање. Испрскајте ја косата со спрејот и згужвајте ја со рацете за да го добиете тој посакуван брановиден изглед. Кокосовото масло ќе ја спречи сувоста која ја предизвикува солта.

 

 

11. Правилно чешлајте ја мократа коса

 

02

 

Избегнувајте грубо да ја чешлате косата кога е мокра бидејќи тогаш е најподложна на кинење. Тенката пластична четка за чешлање со големо растојание помеѓу запците е најнежна за отплеткување на мократа коса, додека обичната голема четка може полесно да ги искине влакната на косата.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: