Занимливости
11 совети за пролетна детоксикација на организмот

Конечно пристигна пролетта што сите нетрпеливо ја чекавме! Ова е совршено време за детоксикација на телото како и одлична можност да ја зголемите својата енергија, да го подобрите варењето на храната и другите функции во организмот, подобро да се одморите, да го поттикнете менталниот капацитет и за да го подобрите расположението.

 

Еве 11 совети за здрава пролетна детоксикација:

 

 

1. Намалете или подобро елиминирајте ја консумацијата на месо и млечни производи

 

Овие видови храна се природни закиселувачи и вршат притисок врз бубрезите и цревата. Млекото, исто така, придонесува кон формирањето на слуз и за многу луѓе тешко е да се вари. Со елиминирање на овој вид на храна, барем за период од 2 до 3 недели, ќе му овозможите на вашиот организам малку да се одмори.
2. Не јадете конзервирана храна

 

За време на периодот на детоксификација најдобро е да изберете свежа храна што доаѓа директно од природата: овошје и зеленчук на прво место. Во повеќето од овие производи, всушност, се наоѓаат конзерванси и вкусови што се навистина нездрави вештачки состојки.

 

3. Не на пржена храна и шеќери

 

Пржената храна и шеќерот е многу важно да се елиминира од вашата исхрана, барем во периодот за детоксификација. Оваа храна, всушност, е богата со масти и рафинирани шеќери.

 

 

4. Зеленчук, зеленчук и зеленчук!

 

Во периодот на детоксикација, вашите оброци нека се состојат од најмалку 70% зеленчук. Внесете во вашата исхрана не само салати и суров или варен зеленчук, но, исто така, сок од свеж зеленчук и овошје.

 

 

5. Поедноставувајте ги оброците

 

Помали, но почести оброци во текот на денот се одлични за дигестивниот систем и за рамнотежа на нивото на шеќер во крвта. Не заборавајте дека нестабилното ниво на шеќер во крвта влијае на телесната тежина и на расположението.

 

6. Олеснете ја детоксикацијата со билки

 

Постојат многу растенија кои можат да ви помогнат при детоксикација и регенерација на организмот. Меѓу нив се наоѓаат магарешкиот трн и глуварчето, кои се погодни за црниот дроб, и мечкиното грозје (ува урси) како сојузник на бубрезите. Консумирајте и ленено семе кое помага да се елиминираат токсините од цревата.

 

bilki

 

7. Релаксирајте се со топла бања

 

Еден ден во периодот на детоксикација одвојте најмалку 20 минути за топла бања. Ќе ви овозможи да се опуштите и да ги подобрите ефектите на детоксикација. Во купката додајте една чаша сода бикарбона – ќе помогне при алкализација на водата и ќе ги неутрализира токсините во телото.

 

8. Пијте многу вода

 

Водата е наефтината и најефикасната варијанта за елиминација на токсините. За уште поголем детокс-ефект пробајте да пиете топла вода во утринските часови со додавање на свеж сок од лимон.

 

9. Јадете мешунки

 

Особено грав. Потребно е само половина чаша дневно за да го задоволите потребното внесување на растителни влакна во вашата дневна исхрана и да го балансирате нивото на шеќер во крвта, која како што рековме, е еден од клучевите за да имате повеќе енергија и одржување на здрава телесна тежина.

 

10. Избегнувајте закуски

 

Некои мали, здрави ужинки во текот на денот ви помагаат во одржување на тежината и подобрување на енергијата и расположението, но избегнувајте ги пакуваните закуски. За ужинка консумирајте ореви, бадеми и други јатки или направете си смути од шумско овошје и бадемово млеко.

 

11. Вежбајте

 

Физичката активност ја подобрува циркулацијата и тоа значи подобрување на функцијата на органите и ткивата во телото.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: