Занимливости
11 здрави навики што всушност може да ви наштетат

Честопати паѓаме на трикот на маркетинг специјалистите или советниците за здрави навики кога се обидуваме да одржиме здрав начин на живот. Се навикнуваме на многу „корисни“ навики, кои всушност, се чини дека се апсолутно бескорисни.
За вас одвоивме кои здрави навики не само што не успеваат да ви дадат никакви резултати, но исто така може и да ви наштетат.

 

1. Плакнење на устата со вода

 

05 (2)

 

Оваа навика може да изгледа многу природно, но е критикувана од страна на некои стоматолози. Додека ги четкате забите, тие се покриваат со заштитен слој од флуор, кој се отстранува со водата.
Со цел да се зачува позитивниот ефект на четкање на забите, плакнете ја устата со специјални раствори без алкохол наместо со вода.

 

2. Долго вежбање на трака за трчање

 

05 (2)

 

Траката за трчање е еден од најпопуларните уреди за вежбање за кој се знае дека помага да се ослободите од вишокот калории. Сепак, долгите периоди на вежбање на траката за трчање може да бидат штетни за вашите зглобови.
Со цел да го избегнете ова, се препорачува да искомбинирате со некои вежби за зајакнување на мускулите на тренинзите. Ова ќе ви помогне не само да изгубите тежина, туку и да ги задржите вашите мускули цврсти.

 

3. Кратка дремка

 

05 (2)

 

Кратката попладневна дремка се чини убава и здрава навика. Сепак, некои научници веруваат дека таа може да предизвика некои срцеви заболувања.
Заедно со тоа, долгите периоди на спиење влијаат на меморијата и функционирањето на мозокот.

 

4. Антисептички и антибактериски сапуни

 

05 (2)

 

Рекламите нè натераа да веруваме дека само антисептичките и антибактериските сапуни и препарати можат да нè заштитат од болести. Сепак, честата употреба на овие производи може да доведе до појава на нови и посилни бактерии.
Според научниците, обичниот сапун е исто толку добар за секојдневна употреба како антибактерискиот.

 

5. Редовни систематски прегледи

 

05 (2)

 

Годишните лекарски испитувања чија цел е проверка на здравствениот живот, всушност, се апсолутно бескорисни. Исто така тие обично се прилично скапи.
Принципите на клиничкото испитување наведуваат на тоа дека е подобро пациентите да бидат испитани според нивната возрасна група и болестите што се заеднички за тие возрасти.

 

6. Консумирање на витамини

 

05 (2)

 

Благодарение на рекламите, знаеме дека витамините се од суштинско значење за нашиот организам и дека нивното отсуство може да предизвика неповолни реакции. Но, не знаеме дека земањето витамини може да биде опасно во некои случаи.
Научниците откриваат дека за оние кои земаат витамини и имаат лоши навики, ризикот да страдаат од сериозни болести е до 46% поголем отколку за оние кои не земаат витамини. Затоа секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете да земате витамини.

 

7. Диетални пијалаци

 

statija (2)

 

Производителите на диеталните газирани пијалаци се обидуваат да нè убедат дека истите имаат помалку калории и затоа се помалку штетни за нашето здравје и фигура.
Според научниците, пиењето дури и една лименка газиран сок на ден може да предизвика срцеви заболувања, пораст на крвниот притисок и зголемување на телесната тежина.

 

8. Тенденцијата кон слабеење

 

05 (2)

 

Некои истражувачи тврдат дека да бидете слаби не е толку добро како што изгледа. На пример, оние кои многу јадат и не ја зголемуваат телесната тежина, всушност, може да ги складираат мастите околу срцето и црниот дроб што може да предизвика сериозни болести.
Слабиот човек има поголеми шанси да се разболи за време на зимската сезона. Покрај тоа, според резултатите на повеќе од сто истражувачки проекти, потенките луѓе имаат ист сооднос на смртни ризици како луѓето со плус некое кило.

 

9. Чистење секој ден

 

05 (2)

 

Одржувањето на вашиот дом е одлична навика. Сепак, истото не може да се каже за користењето на детергенти и хемикалии за чистење секој ден.
Средствата за чистење содржат многу хемикалии што можат да предизвикаат иритација на очите, главоболки и болести на дишните патишта.

 

10. Носење апостолки за „одмарање на стапалата“

 

05 (2)

 

Многумина мислат дека ако носат апостолки со кои стапалата се на отворено, ќе им го обезбеди потребниот одмор од секојдевните обувки. Сепак, научниците се подготвени да го поништат овој мит.
Според нив, апостолките не ја обезбедуваат потребната поддршка на нозете при движењето на цврсти површини. Здраво е да се носи овој тип на обувки само кога одите по песок или трева.

 

11. Пиење многу вода

 

05 (2)

 

Сите знаеме дека треба да пиеме многу вода: најмалку 8 чаши на ден. Без сомнеж, водата е од суштинско значење за нормално функционирање на организмот – но само ако не претерате.
Некои студии покажуваат дека пиењето премногу вода може да предизвика проблеми со бубрезите. Исто така, пиењето премногу вода може да го намали нивото на електролити во вашето тело, предизвикувајќи сериозна состојба наречена хипонатремија.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: