Занимливости
12 намирници за продолжување на животот

Леќа

Топла или ладна каша од леќа, леќа која е стара 9 дена…Кога станува збор за здрав и долг живот, воопшто не е важно како ќе ја јадете зелената или жолтата леќа: важно е да ја јадете (oкеј, можеби не стара девет дена – труење со храна не е воопшто забавно). Јадењето на варена леќа и други мешунки, всушност можат да го забават стареењето на клеточно ниво, според една студија објавена во БМЈ. Истражувачите шпекулираат дека тоа е благодарение на влакната и антиоксидантите кои ги даваат нивните сили за долговечност.

Ореви

Да полудите за ореви може да биде една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето здравје. Луѓето кои јадат ореви трипати неделно или повеќе пати, уживаат во плус две до три години на живот, според истражувањето објавено во БМК. Луѓето кои се љубители на ореви значително го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања, двете најголеми убијци со кои се соочуваме како што старееме. Оревите се, исто така, едни од ретките јаткасти плодови кои ве прават попаметни.

Протеини од зеленчук

Не паничете, никој не ви кажува дека треба да го отфрлите вашиот стек од дневното мени, но имајќи неколку оброци неделно кои не вклучуваат месо може да го продолжат вашиот живот. Додавање на растителни извори на протеини во вашата исхрана може да помогне да се прошири вашиот животен век, особено ако имате проблеми со бубрезите, според една студија направена од страна на американското здружение за нефрологија. Храна, како киноа, ориз и грав, соја, тофу, и леќата имаат речиси ист број на протеин по порција како месото, а плус ги добивате и екстра бенефитите од растителните влакна, витамините и минералите.

Моркови

Познато е дека морковите се исклучително здрава намирница, па веројатно и не е некое изненадување да се чуе дека тие се навистина добри за вас. Но, знаете ли дека не само што може да ви го продолжат животот, исто така, ќе ви помогнат да изгледате посекси правејќи го тоа? Една студија спроведена од страна на универзитетите во Глазгов, покажа дека каротеноидите кои им ја даваат на морковите нивната светло портокалова боја може да го забави процесот на стареење и имаат дополнителен бонус со тоа што ве прават да изгледате поатрактивно за потенцијалните партнери.

Сардини

Омега-3 масните киселини имаат моќни бенефити на долговечност, помагаат да се намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, според Академијата за исхрана и диета. Но, додека може да се најдат овие чудесни соединенија во сите видови на мрсна риба, еден од најдобрите, а најмалку познати извори се сардините. Да, само една порција на оние мали риби кои доаѓаат во комплет со очите и се поставени во една конзерва како да спијат (не размислувајте за тоа) обезбедува половина од вашата секојдневна вредност за омега 3S, а речиси и 400 проценти од дневната потреба на витамин Б12,  хранливи материи врзани за подолг живот. И бидејќи сардините се мали, тие се на дното на синџирот на исхрана, што ги прави помалку веројатно да бидат контаминирани со отровите со кои се трујат поголемите риби како туна и лосос.

Полжави

Малите полжави имаат околу 4 мг железо по порција-повеќе од црвено месо и имаат доволно железо што може да помогне во спречување на анемија и да се прошири вашиот животен век.

Кокос

Јадењето храна богата со здрави масти, како што има во кокосот, може да го забави стареењето на мозокот со заштита од оштетување на ДНК, според една студија спроведена од страна на Универзитетот во Копенхаген. Иако студијата беше направена врз глувци, научниците велат дека е можно ова тропско овошје да им помогне на луѓето во одржување на млади мозоци во златните години.

Кисела зелка

Киселата зелка и другата храна богата со добри бактерии, како јогурт и кефир може да ви помогне да живеете подолго, покажуваат истражувањата. Клучот е во широкиот спектар на пробиотици што се наоѓаат во ферментираната храна. Бактериите го намалуваат воспалението, помагаат во зајакнување на имунолошкиот систем и го подобруваат вашиот метаболизам, а со тоа според истражувачите се додаваат повеќе здрави години во вашиот живот. Затоа, подгответе кисела зелка и расолница и уживајте во подолг и поквалитетен живот!

Сладок компир

Слаткиот компир го заслужува своето место во листата на храна која го продолжува животниот век, според неколку универзитетски истражувања во Канзас. Тие тврдат дека слаткиот компир содржи високо ниво на флавоноидот Антоцијан, соединение кое го намалува ризикот од рак и го зголемува животниот век.

Чоколадо и вино

Доброто чоколадо и убавото вино се едни од најголемите задоволства во животот, а научниците велат овие состојки всушност може да помогнат во продолжување на животниот век. Двете состојки се голем извор на Ресвератрол, моќно соединение кое влијае врз намалувањето на стареењето на клетките. За да добиете целосен ефект против стареење, консумирајте многу темно чоколадо и црвено вино. Затоа, не двоумете се да ги изненадите вашите најблиски со парче чоколадо и вино: има ли поголемо „Те сакам“ од тоа да им помогнете да живеат долго?

Калинки

Низ времето, калинките се сметаат како овошје со неверојатни моќи. Но дали тие верувања се вистинити? Црвените семки од калинката можеби нема да нè направат бесмртни, но според неодамнешни француски истражувања, сепак влијаат врз долговечноста. Научниците тврдат дека молекулата Уролитин А која се наоѓа во калинките, им овозможува на мускулните клетки да се заштитат од една од главните причини за стареење. Одлична вест, бидејќи многумина ќе се согласат дека го пронајдоа највкусниот начин за подмладување.

Губење на калории

Според неодамнешни нутриционистички истражувања, најдобар начин на исхрана за подмладување е всушност… да не јадеш многу. Истражувачите тврдат дека животните, луѓето дури и црвите кои биле ставени на строг режим на исхрана за губење на калориите, живееле 40 проценти подолго од тие што се хранеле во изобилие. Студиите се фокусирани на начинот на исхрана со кој се прескокнуваат неколку оброка во денот, или не се јаде од 12 до 36 часа. На овој начин, истражувачите тврдат дека може да губите калории без гладување и да живеете подолго.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: