Занимливости
12 романтични комедии за опуштен викенд

Ако имате испланирано мрзелив и опуштен викенд без некакви посебни планови, погледнете ги предлозите за 12 романтични комедии кои ќе ве наполнат со позитивна енергија и ќе разбудат неверојатни емоции во вас!

 

1. The F word

 

the f word

 

Глумци: Daniel Radcliffe, Zoe Kazan, Megan Park, Adam Driver

 

Валас и Чантри се среќаваат на забава и веднаш покажуваат интерес еден за друг. Работите изгледаат како да одат глатко, сè додека Валас дознава дека Чантри има долгогодишна врска. Неверојатно кул филм исполнет со суптилен хумор и силни емоции.

 

IMDb оцена – 6.8

 

2. Two night stand

 

two

 

Глумци: Miles Teller, Analeigh Tipton, Jessica Szohr, Scott Mescudi

 

Поради страшно снежно невреме, Меган е принудена да преноќи во станот на Алек. Така, една временска непогода ќе спои две лица кои наскоро ќе сфатат дека сакаат нешто повеќе од една авантура. Филмот е интересна љубовна приказна полна со забавни и духовити дијалози.

 

IMDb оцена – 6.4

 

3. Something’s gotta give

 

something

 

Глумци: Jack Nicholson, Diane Keaton, Keanu Reeves, Frances McDormand, Amanda Peet

 

Хари доживува срцев удар во домот на Ерика, мајка на неговата млада љубовница. Работите стануваат малку непријатни кога Хари ќе се заљуби во Ерика и тука почнува вистинската бура на емоции, страсти и противречности. Не постојат апсолутно никакви правила и ограничувања во овој љубовен триаголник. Филмот е интересна комедија со одлична актерска екипа.

 

IMDb оцена – 6.7

 

4. Un moment d’égarement

 

un moment

 

Глумци: Vincent Cassel, François Cluzet, Lola Le Lann, Alice Isaaz

 

Двајца пријатели ги носат ќерките со нив на одмор и се наоѓаат во непријатна ситуација. Шармантната 18-годишна девојка се заљубува во 42-годишен маж. Работите стануваат уште понепријатни кога ќе се дознае дека љубовникот на девојката е најдобар пријател на нејзиниот татко. Комбинација на сонце, море, љубов, страст и француски хумор ќе ви ја направат вечерта пред екранот повеќе од пријатна!

 

IMDb оцена – 6.3

 

5. Maggie’s plan

 

maggie

 

Глумци: Greta Gerwig, Ethan Hawke, Julianne Moore, Bill Hader

 

Меги се мажи со Џон – антрополог кој претходно имал несреќен брак со Жоржет. На почетокот сè се одвива добро, но наскоро Меги почнува да се чувствува депресивно. Поради тоа таа прави план како да ја поправи ситуацијата. Се работи за комичен и романтичен филм за љубовта и чувствата на исклучително паметни луѓе. Бонус во филмот се сцените со суптилен и интелигентен хумор.

 

IMDb оценка – 6.3

 

6. Hello, My Name Is Doris

 

1

 

Глумци: Sally Field, Norma Michaels, Stephen Root, Wendi McLendon-Covey

 

Дорис е 60-годишна канцелариска работничка која неодамна ја изгуби својата мајка. Таа посетува терапии за само-помош и мотивациони семинари, и чита љубовни романи на нејзиниот пат кон работа. Неочекувано се заљубува во нејзиниот колега, Џон, кој е половина од нејзината возраст. Сосема позитивен филм кој докажува дека ништо не е невозможно во овој свет.

 

IMDb оцена – 6.7

 

7. Man Up

 

2

 

Глумци:  Lake Bell, Simon Pegg, Rory Kinnear, Olivia Williams

 

Ненси, 34-годишна сингл жена, веќе е исцрпена од сосема залудно пребарување на среќа. Меѓутоа, судбината и спрема нешто многу интересно. Таа случајно го зема местото на еден странец кој е дојден на состанок на слепо, а тоа води до пронаоѓање на совршениот дечко.

 

IMDb оцена – 6.8

 

8. Before We Go

 

3

 

Глумци: Chris Evans, Alice Eve, Maria Breyman, Emma Fitzpatrick

 

Двајца странци заглавени во Менхетен. Само за една ноќ тие се надвор од реалноста и ги гледаат своите животи од поинаков агол. Не постои вулгарност, само една прекрасна приказна која ќе ви остави траен впечаток.

 

IMDb оцена – 6.9

 

9. Un peu, beaucoup, aveuglément! (Blind Date)

 

4

 

Глумци: Mélanie Bernier, Clovis Cornillac, Lilou Fogli, Philippe Duquesne

 

Тој е иноватор на загатки кој го инвестира срцето и душата во работата и сака ништо повеќе од апсолутна тишина. Таа е неверојатен пијанист кој работи на нејзиниот голем концерт. Како тие успеваат да ги организираат своите животи едни околу други? Во оваа француска комедија се работи за важноста на разбирањето на луѓето и нивното прифаќање такви какви што се.

 

IMDb оцена – 6.5

 

10. La délicatesse (Delicacy)

 

5

 

Глумци: Audrey Tautou, François Damiens, Bruno Todeschini, Mélanie Bernier

 

Еден ден, Натали, млада привлечна жена, го бакнува нејзиниот колега Маркус  без посебна причина. И сега Маркус не може да престане да мисли на неа и е подготвен да направи се за да го освои нејзиното срце. Овој топол, искрен и малку ексцентричен филм дефинитивно ќе ви ја направи вечерта.

 

IMDb оцена – 6.6

 

11. I Give It a Year

 

6

 

Глумци: Rose Byrne, Rafe Spall, Anna Faris, Simon Baker

 

Исклучително духовит филм за еден млад пар кој се соочува со различни проблеми и потешкотии во првата година од нивниот брак. Приказната на филмот покажува дека љубовта е лепак, без кој бракот ќе пропадне, и дека не вреди да се троши вашето време на врска во која се чувствувате сами и несреќни.

 

IMDb оцена – 5.7

 

12. Why Him?

 

7

 

Глумци: Bryan Cranston, James Franco, Zoey Deutch, Megan Mullally

 

Филмот ја раскажува приказната за еден богат, но социјално непријатен човек кој се обидува да го придобие таткото на неговата девојка. Нема премногу романтика во овој филм. Наместо тоа, постојат многу смешни ситуации, шеги и бескрајна добрина.

 

IMDb оцена – 6.6

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: