Досега ја знаевте само примената на алуминиумската фолија за печење печива и затоа секогаш ја имате при рака. Изненадувачки, алуминиумската фолија може да се користи не само за готвење.
Ви ги одвојуваме најдобрите начини за употреба на алуминиумска фолија за потребите во домаќинството.
1. Замена за инка
Ако немате инка при рака, а треба да претурите течност во шише, направете една од алуминиумска фолија. Едноставно е – само свиткајте ја фолијата и ставете ја во шишето, па формирајте инка.
2. Пеглајте ги алиштата истовремено од двете страни
Ставете алуминиумска фолија под облеката пред пеглање. Фолијатаќе се загрее навистина брзо и на тој начин облеката може да се испегла од двете страни.
3. Наострете ги ножиците
Ако треба да ги наострите ножиците и да се ослободите од ‘рѓата, пресечете парче фолија 7-10 пати. Пресечете повеќе ако е потребно.
4. За подолго трење на батериите
Ако батериите ви се испразниле и немате нови – користете алуминиумска фолија. Ставете ја фолијата на едниот крај на батеријата (кај плусот) како што е прикажано на сликата.
5. Отстранете го електрицитетот од облеката
Свиткајте ја фолијата во топчиња и ставете ги во машината за перење заедно со алиштата. По перењето, вашата облека ќе го намали електрицитетот и нема да привлекува прашина и коса.
6. Исчистете ја пеглата
Испрскајте ја ладната пегла со спреј за чистење метални површини и тријте ја пеглата со топка од алуминиумска фолија.
7. Исчистете ја сребрената опрема
За да го исчистите среброто, во чисто лавабо ставете го капачето да го прекинете одводот, па покријте го лавабото со алуминиумска фолија. Потоа наполнете го со околу 1/4 топла, зовриена вода, додајте 1/2 чаша сода бикарбона и 1/2 чаша сол. Оставете го среброто да отстои околу 10-тина минути, па внимателно поминете го со мека крпа.
8. Полесно поместувајте го мебелот
За лесно да го поместите мебелот, ставете парчиња фолија под ногарките како што гледате на сликата. Фолијата обезбедува дополнително лизгање, па така полесно ќе може да го поместите мебелот во просторијата.
9. Подобрете го Wi-Fi сигналот
Фолијата може да помогне да се подобри Wi-Fi сигналот. Преклопете го неколку пати и ставете го зад антената како екран. Алуминиумската фолија ќе ги рефлектира безжичните сигнали во правецот што сакате.
10. За да не ви загори храната
Со цел да ја заштитите храната од лепење во тавата, ставете слој од фолија на дното. На овој начин, исто така, можете да готвите без масло.
11. Отстранување на ‘рѓа од хромирани површини
Направете топка од алуминиумска фолија, натопете ја со вода и тријте ја рѓосаната хромирана површина.
12. За екранот на смартфонот
Изненадувачки, екранот на допир реагира на алуминиумска фолија. Ако свиткате обичен молив со алуминиумска фолија, можете да добиете рачно изработено перо за на екран.
13. Направете сами садови за сечење колачи од алуминиумска фолија