Интернетот е полн со тајни за брзо и лесно слабеење. Но, на кои навистина треба да им верувате?
За вас одделивме неколку совети и лични искуства при слабеењето што се покажале ефективни, но имајте на ум дека сите луѓе се различни и за некого ако функционираат за друг можеби нема и обратно.
Сепак, прочитајте и испробајте ги – може да се изненадите со позитивни резултати.
Совет 1: Пијте вода пред јадење
15 до 20 минути пред јадење напијте се чаша вода на собна температура. Водата ве заситува, согорува калории и не дозволува да јадете многу.
Што навистина се случува: успеав да го измамам стомакот за можеби 10 минути, по што се врати гладта и јадев исто како порано.
Заклучок: не е функционално.
Совет 2: Ароматерапија
Додека готвите, апетитот може да се намали или да исчезне целосно, бидејќи мирисот го мами нашиот мозок да размислуваме дека сме најадени. Ова е причината зошто ароматерапевтите препорачуваат вдишување на мириси на јаболка, нане или ванила при диета.
Што навистина се случува: интензивниот мирис на ароматичното масло навистина го намалува апетитот, но не за долго. По половина час, гладта се враќа посилно од претходно.
Заклучок: ова функционира, но не за долго.
Совет 3: Измијте ги забите наместо да јадете десерт
Друг начин за борба против желбата за храна е да ги миете забите наместо да јадете. Чувствувајќи го ментолот на паста за заби во устата, вашиот мозок добива сигнал дека оброкот е завршен.
Што навистина се случува: токму она се очекуваше – позитивни резултати колку и да звучи чудно. Дури и претходно да бев малку гладна, јадењето не ми беше приоритет следните еден до два часа. Тоа е затоа што мене миењето на забите ме асоцира на крај на денот и припрема за спиење.
Заклучок: ова функционира.
Совет 4: Јадете стоечки
Многу диетичари препорачуваат додека јадете да бидете на нозе, бидејќи стоечки согорувате повеќе калории. Ќе се заситите побрзо и ќе јадете помалку.
Што навистина се случува: да, јас јадев помалку од вообичаено, но не поради тоа што побрзо се заситив туку се заморив да стојам.
Заклучок: да, ова функционира, но не како што треба. Исто така, кога стоиме, стомакот не е рамен во споредба со кога седиме, па изненадена сум што воопшто функционира.
Совет 5: Држете го приборот за јадење во „погрешната“ рака
Психолозите нè уверуваат дека кога јадеме со „погрешната“ рака (ако сте левак со десната и обратно) јадеме потрпеливо. На тој начин јадеме значително помалку.
Што навистина се случува: јас сум деснак и не сум вешта во користење на мојата лева рака. Меѓутоа јадењето со левата рака беше лесно како и со десната рака.
Заклучок: не функционира.
Совет 6: Јадете во садови со ладни нијанси
На луѓето со голем апетит им се препорачува да јадат од чинии со ладни нијанси, бидејќи сините и зелените бои наводно го потиснуваат апетитот и нè смируваат. Тие бои не се поврзани со храна, бидејќи храната обично не е во такви бои (особено брзата храна).
Што навистина се случува: бев изненадена кога открив дека кога сум опкружена со ладни бои, навистина не сакав да јадам толку многу. Можеби ефектот е посилен ако храната не ви е омилена… Јас не ја дојдадов мојата чинија супа.
Заклучок: ова функционира!
Совет 7: Јадете во затемнета просторија
Еве еден популарен совет од Европа – за време на оброк во потемна просторија не забележуваме колку храна останува на нашата чинија и завршуваме со јадење баш толку колку што ни е потребно.
Што навистина се случува: за мене, јадењето во полумрак се појави празнично и речиси како ритуал. Уживајќи во атмосферата, јадев побавно. Ја почувствував храната и побрзо се заситив.
Заклучок: ова функционира, но веројатно поради друга причина.
Совет 8: Изберете храна кои се вари побавно
Јадења приближно еднакви по тежина или број на калории може да имаат поинакво време за да се сварат. На пример, понекогаш наутро подобро е да се консумира јајца наместо каша од овес. Ова ќе ви помогне да останете сити до ручек.
Што навистина се случува: Организмот брзо ја вари утринската овесна каша и по еден час повторно бев гладна. За разлика од кашата, јајцата подолго време ме држеа заситена, можеби бидејќи има повеќе маснотии во нив. Благодарение на тоа, немав потреба да јадам се до ручек.
Заклучок: Советот е вистинит и подобро е да јадете јајца наместо овес за појадок.
Совет 9: Дотерајте се пред оброците
Кога јадеме додека сме дотерани, ние потсвесно се однесуваме формално. Поуредни сме, јадеме побавно и повеќе џвакаме. Плус, тесната облека нема да ни дозволи да се прејадеме.
Што навистина се случува: Вистина е. Кога носите убав фустан, постојано се грижите да не го исфлекате. Покрај тоа, се обидувате да седите правилно и внимателно да јадете. Како резултат на тоа изедов многу малку, но бев целосно сита.
Заклучок: Одлично функционира! Но, времето што е потребно за да се дотерате…
Совет 10: Јадете 2 коцки црно чоколадо кога сте гладни
Во мали количини, темното чоколадо нè снабдува со енергија, го спречува апетитот и не нè здебелува.
Што навистина се случува: Овој трик го користев подолго време и се покажа како доста успешен. Неколку парчиња темно чоколадо ( 70 проценти и повеќе ) го намалува гладот, а желбата за нешто друго исчезнува. Се чувствував сита барем еден час. За жал, темното чоколадо не е секогаш лесно достапно.
Заклучок: Да!
Совет 11: Акупунктура
Според акупунктурата, една од главните точки за намалување на апетитот е лоцирана помеѓу горната усна и носот. Поставете го показалецот малку над горната усна и масирајте ја точката со одреден притисок неколку минути – ова ќе ви помогне.
Што навистина се случува: слушнав дека акупунктурата е испробана и проверена античка техника. Сепак, за мене лично, не направи ништо.
Заклучок: Не функционира.
Совет 12: Сепарација на храната
Нутриционистите препорачуваат одвојување на храната на вашата чинија на половини. Едната ја јадете сега, а другата подоцна. Исто така го намалувате бројот на калории од појадок до вечера. На пример, за појадок можете да јадете повеќе нездрава храна. Оваа “екстра” енергија добиена наутро може да се користи во текот на вашите часови на будење.
Што навистина се случува: Ова е мојот омилен совет и функционира навистина добро. Со јадење малку секој час или два, не сакав да јадам брза храна за ужина. Освен тоа, мојот стомак секогаш беше удобен, ниту празен ниту полн. Се чувствував добро цел ден.
Заклучок: Функционира!
Совет 13: Сè џвакајте 40 пати
Колку подолго џвакаме, толку повеќе време има за нашиот мозок да сфати дека сме сити. Диететичарите велат дека 40 е оптимален број за џвакање.
Што навистина се случува: Ова е стар метод, а мојата баба ми кажа за тоа. И тоа делумно функционира. Се разбира, јас не успеав да џвакам 40 пати, бидејќи после ова немаше храна за да се џвака, но успеав помалку да изедам. Можеби само се уморив од џвакање толку многу.
Заклучок: Функционира, до одреден степен.
Совет 14: Користете помала чинија
Ова се смета како ефикасен начин за губење тежина. Трикот е да се пополни чинијата земајќи ја нејзината големина во предвид, па со помала чинија ќе земете помалку јадење.
Што навистина се случува: Истата количина на храна изгледа сосема поинакво на чинии од различни големини. Кога користам голема чинија, се чувствувам како да јадам како птица; Мала ме тера да мислам дека јадам како коњ. На крајот, дури и не ја завршив салатата.
Заклучок: Ова функционира!
Генерален заклучок
Можеби мислите дека здравата исхрана подразбира значително намалување на опциите за јадење, велејќи не на масна, слатка и пржена храна и јадење само варен и свеж зеленчук. Да го издржите гладот и да јадете само брокула и да пиете вода. Но, ефектот на таквата исхрана не е траен, и практиката не е добра за емоционалното здравје на едно лице. Сите од нас посакуваме нешто одвреме-навреме, а да не се почастиме со нешто понекогаш е брутално.
Точно е дека за да бидеме здрави треба да се фокусираме на необработената храна и да пиеме вода, но понекогаш функционираат и некои нестандардни совети и трикови. Сепак, немојте слепо да ги следите сите совети – нешто што кај едни функционира, може да нема ефект кај вас и обратно.