Чочара скршила една ваза во музеј. – Дали знаете дека скршивте ваза стара 700 години? – Уф, добро е, сега ми е полесно. – Како полесно? -Па, мислев дека е нова.
Плавуша е забременета и оди кај астролог од кого побарала тој да му направи хороскоп на идното дете. – Под кој знак е зачнато детето? – Па, под еден знак „Забрането паркирање“.
Ѕвездан наставникот по музичко му вели на Коле: Николче, не можеш да спиеш на часовите… – Ма можам, само да зборувате малку потивко.
Јане го прашува синот: Синко, зошто доби единица по географија? – Па, не знаев што е тоа Голфска струја. – Па, секако дека нема да знаеш, јас не те испратив во училиште да бидеш електричар!
Јелица се јавува за куќна помошничка. Кога влегла, газдарицата ја прашува дали знае да готви. – Знам да готвам на два начина. – Кои се тие два начина? – Па, тоа зависи дали сакате гостите да ви дојдат повторно или не!
Јованка учителката им дава задача на учениците да напишат разни реченици и да го употребат зборот „Очигледно“. Прв чита Пеце: Мојот татко вози БМВ, мајка ми Пежо, брат ми Фиат – очигледно сме богата фамилија – и добива одлична оценка. По него чита Ристо: Баба ми тргна накај пченката, под рака носеше весник на англиски јазик иако не знае англиски – очигледно отиде да врши нужда.
Јорданчо купил англиски автомобил со волан на десната страна. По некој ден колегите го прашуваат: Како новиот автомобил? – Автомобилот е супер. Но има еден проблем. Кога плукам низ прозорецот, секогаш ја погодувам жена ми…
Тони разговара со пријателот инаетчија: Си слушнал за Тихи Океан? Е, јас го препливав. А овој му возвраќа: А, ти си слушнал за Мртво Море? Е, јас го убив.
Јурук ученикот излегува на табла и учителката го прашува: Колку се еден плус еден? – Не знам. Учителката се нервира и пак го прашува: А колку се два плус два? Пак истиот одговот: Не знам. Учителката збеснува: Знаеш ли ти воопшто нешто? Ајде, кажи ми барем кој ја открил Америка? Јурук повторно смирен молчи. Учителката веќе преизнервирана вели: Кристофер КОЛУМБООО! Јурук мртов ладен си оди на место. Учителката му вика: Чекај, полека, каде одиш? – Па, прозвавте некој друг.
Како се вика најжолтиот кинез? – ЛИ – МУН.