Занимливости
15 десерти што може да ги јадете, а да не се здебелите

Кога сте на диета и на посебен режим на исхрана, многу е тешко да одолеете на слатките десерти. Секое одење до продавница, сакате да купите вкусен сладолед, пудинг или чоколадо, но се воздржувате бидејќи не сакате залудно да се трудите да ослабете.

 

Избегнувајте ги купечките десерти и одлучете се да зготвите домашен и здрав десерт што еднакво ќе ви ги засити потребите за благо.

 

За вас одоивме 15 рецепти за десерти што може да ги јадете, а да не се здебелите:

 

1. Испукани колачиња со какао – https://goo.gl/VbyN11

 

испукани колачиња со какао

 

Овие колачиња се со идеално количество на шеќер и едно парче содржи 50 калории. Ова слатко уживање дозволете си го со шолја топло црно кафе или еспресо по оброкот.

 

2. Вегански чизкејк со боровинки – https://goo.gl/SLwMRC

 

чизкејк со боровници вегански

 

Се прашувате како чизкејкот може да биде посен и вегански кога главната состојка е сирењето. Овој непечен колач е со мала промена и главна состојка се ф’стаците, кокосовото млеко и масло, додека пандишпанот е направен од урми и ореви без додатоци на путер и брашно.

 

 

3. Мус од чоколадо и авокадо – https://goo.gl/RQLe3H

 

мус од чоколадо и авокадо

 

Ова е одличен и брз десерт, без додатоци на масло или шеќер. Чоколадо од какао и авокадо се главните состојки што ќе ви ги заситат потребите за благо.

 

4. Печено јаболко – https://goo.gl/v8uf9i

 

јаболки во рерна со суво грозје

 

Јаболкото може да биде раскошен десерт – со малку суво овошје, јаболките во рерна се мек, вкусен и здрав рецепт.

 

5. Овошен сладолед со јогурт – https://goo.gl/n6AwwD

 

сладолед на стапче

 

Освен што се одлични за топлите летни денови, сладоледите на стапче се балансиран десерт со помалку од 150 калории од едно парче.

 

6. Парфе од јогурт

 

58f79f8a1b52471c008b458c-750-563

 

Парфето од јогурт е свеж и вкусен десерт – ред свежо овошје, крцкава гранола и чиа семе дава шмек во кој ќе уживате по секој залак. Подгответе го од претходната вечер и имајте идеален појадок утрината кој можете да го земете со себе на работа или факултет.

 

7. Протеински сладолед – https://goo.gl/SN9Vzp

 

proteinski sladoled

 

Трансформирајте го сладоледот во здрава, протеинска закуска со овој лесен рецепт за кој ви се потребни само три состојки: јогурт (што не е млечен), вегански протеини во прав и путер од кикирики. Вкусно е речиси колку вистинскиот сладолед.

 

8. Овошје на скара

 

58f79f361b524729008b459a-750-563

 

Малку оган додава елеганција и интензивен вкус на овошјето. Топлината на скарата дава уште една димензија на сладост и оди особено добро со топчестите овошни плодови. Можете да ги комбинирате праските на скара со балсамико оцет и маскарпоне сирење или да го зачинете овошјето со јаворов сируп и пријатни зачини како каиенски бибер, мелен цимет и ким.

 

9. Овошен сладолед на стапче – https://goo.gl/6hKB5X

 

sladoled-od-borovnitsa-i-kokos

 

Користете било какво овошје, кокосова вода или кокосово млеко и јаворов сируп за да направите нискокалорични, овошни сладоледи кои ќе ве потсетат на одмор на плажа.

 

10. Црно чоколадо

 

58f79ed77b2bbb1f008b4593-750-563

 

За чоколадото е добропознато дека е десерт на кој не можете да останете рамнодушни, но темното чоколадо има помал процент на шеќер и калории и нуди голем број на здравствени придобивки, како што се намалување на крвниот притисок и холестеролот, па дури и зголемување на чувството на среќа. За да ги добиете здравствените придобивки, сепак, треба да консумирате темно чоколадо кое содржи најмалку 80 до 85 проценти какао.

 

11. Јагоди со чоколадо

 

58f79eb81b524720008b459c-750-563

 

Потопување на овошје во чоколадо е слатко задоволство. Тенкиот слој на темно чоколадо не содржи премногу калории или шеќер, а сепак дава малку горчливост што ги балансира и дополнува свежите плодови. Јагодите се класичен избор, но има многу други видови на храна за кои никогаш не сте помислиле да ги потопите во чоколадо како банани и ананас.

 

12. Тесто за колачиња од наут – https://goo.gl/MRTVSL

 

58f79e961b52471f008b458d-750-563

 

Наутот е одличен извор на протеини, со неверојатни 15 грама протеини по чаша. Тој, исто така, е богат извор на диететски влакна, кои можат да помогнат во контрола на нивото на шеќер во крвта и забавување на варењето на храната. Овој рецепт е вегански, без глутен и може да се користи како сос или самостојно. Можете да уживате во јадењето на тестото за колачиња без чувство на вина.

 

13. Чиа пудинг – https://goo.gl/NDBPvG

 

ovoshen-chia-puding

 

Ова е совршена замена за купечките и вештачките пудинзи. Чиа семињата натопени во млеко во текот на ноќта, добиваат текстура слична на желе, потсетувајќи на традиционалните пудинзи. Во комбинација со какао или овошје – овој пудинг е вистинскиот избор!

 

14. Овесни колачи – https://goo.gl/WWvWEz

 

ovesni-kolachi2

 

Овесните барови се крцкави однадвор и меки одвнатре. Земете едно за појадок кога брзате насабајле.

 

15. Енергетски залчиња – https://goo.gl/uuD1Lc

 

limon-bombitsi-so-kurkuma

 

Освен што се совршени за топол ден, тие исто така се здрав десерт. Со помалку од 150 калории по порција, овие топчиња навистина го премостуваат јазот помеѓу здравата храна и десертот.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: